Балајаж наопаку - нов тренд за коса

3 февруари 2018

Веќе неколку сезони по ред, балајаж техниката за бојадисување коса е апсолутен хит. Така ќе биде и претстојната сезона, но со една мала измена. 

Балајажот ќе го носиме на врвовите на косата, а не во горниот дел како до сега. Значи, за разлика од класичниот балајаж со кој ја осветлувавме косата од корен кон врвови, овој го носиме наопаку - од светли тонови од коренот, па до најтемни на врвовите. Не е грешка ако се рече дека оваа техника е нешто помеѓу ултра популарното омбре и класичниот балајаж.

Некои велат дека ова е идеална техника за оние што имаат руса коса, но од примерите на Инстаграм може да се види дека убаво функционира и кај оние што имаат потемни нијанси. 

Пред да ви претставиме неколку примери, уште да кажеме дека одржувањето на балајажот наопаку треба да биде почесто, односно поредовно, за разлика од класичниот кога можевме да си дозволиме и поголема пауза.

Како ви се допаѓа новиот пролетен тренд?

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
3 февруари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.518 пати