Balea Professional – линија производи за совршена нега на вашата коса

17 февруари 2017

Најголем дел од нас жените секојдневно ја третираме, а неретко и ја оштетуваме нашата коса со различни препарати со цел да го добиеме посакуваниот облик, боја или фризура. Но, никогаш нема да го постигнеме саканиот ефект доколку косата не е здрава и негувана.

За да ги задржите или да ги вратите живоста и сјајот на вашата коса, ви ги предлагаме Balea Professional, линија за нега на коса препорачана од германските фризери, кои може да ги најдете во маркетите на dm.

Новата линија Balea Professional, Kraft + Feuchtigkeit се состои од шампон, регенератор и спреј што
ќе се погрижат, Вашата коса да биде снадбена со потребната хидратација во текот на целиот ден, а специјалната формула ќе ѝ пружи повеќе еластичност, блескав сјај и неверојатна свилена текстура на Вашата коса!

Сите детални информации за оваа нова линија може да ги најдете на овој линк.

 

Објавено:
17 февруари 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
206 пати