Би ставиле ли парфем што мириса на кафе?

16 септември 2013

Би ставиле ли некогаш парфем што мириса на кафе? Организацијата за поддршка на заболените од рак „Макмилан“ секако дека се надева на тоа, откако соопшти дека ќе презентира три вида на парфем што мирисаат на кафе на нивниот добротворен настан следната недела.

На еден од најголемите светски настани на кои се слави кафето World's Biggest Coffee Morning, што ќе се одржи на 27 септември, фановите на кафето ќе имаат можност да уживаат во различните парфеми со мирис на кафе и секако да си заминат дома со некој од нив.

Промоцијата на парфемот неодамна ја направи прекрасната Мис Шкотска, Џенифер Рох која за кампањата изгледаше одлично во фустан во црвена боја.

„Овој парфем дефинитивно е нешто необично, но се надеваме дека наскоро ќе стане многу популарен. Трите парфеми на Макмилан ги вклучуваат Coffeelicious, Macpresso и Mochamorning“, вели првиот човек на одделот за односи со јавност на организацијата Макмилан, Кејт Сејмор.

Организацијата се надева дека ќе може да собере преку 15 милиони фунти од продажбата на овој парфем на настанот World's Biggest Coffee Morning, што ќе се одржи ширум Велика Британија.

Објавено:
16 септември 2013
Категорија: 
Убавина