Благодетите на шеа путерот

13 јули 2013

Бледо жолтата маст се добива од плодовите на оревите кои растат на шеа дрвата. Позната е по чудотворното дејство врз кожата поради брзата апсорбција, не оставајќи никакво масни траги.

Неговата намена кај африканскиот народ е голема.  Од мелем за усни и балсам за коса, до лековити масти, креми за сончање, лосиони за нега на бебешката кожа, како состојка во сапуните и сретствата за чистење. Се применува и како лек за ревматски болки, против воспаление на мускулите, како штит од пустинскиот ветар, а некои племиња веруваат декз кожата намачката со шеа путерот, неможе да ја пробие ни куршум

.

Африка е позната по зачувувањето и почитувањето на традициите, па поради тоа, на жените им е строго забрането да го допираат шеа дрвото, да берат плодови или да го преуредуваат. Шеа дрвото уште се нарекува „женско злато” бидејќи е извор за егзистенција на ијладници Африканки. Поради тоа, забрането е да се сечат стеблата на дрвото, а неговите плодови се сметаат за боженствени.

Шеа путерот се користи во хранaта, но сепак неговата најголема примена е во козметичката индустрија. Се користи како состојка во млекото за тело, сапуните, кремите за раце, лосионите и регенераторот за коса, но сепак најголема ефикасност ја има кај сувата и иритирана кожа. Путерот е популарен во терапијата за лечење на лузни, егземи, псоријаза и опекотини. Богат е со масни киселини кои се есенцијални за хидратација на епидермисот  и за зачувување на еластичноста на кожата, а тука се и витамините А и Е, високото количество на протеини и минерали. Путерот има обновувачко дејство, но е ефикасен и во борбата против борите, ја одржува влажноста на кожата, штити од УВ зрачење и негативното влијание на средината.

Тој е делотоворен во регенерацијата на старата кожа, а  се препорачува во текот на бременоста при настанувањето на стриите, кај новороденчињата и општо при негата на кожата кај децата. Шеа путерот е добар во заштитата од УВ зрачењето (но само нерефениран), помага во подобрување на циркулацијата и елиминацијата на токсините. Добар е и за сувата, оштетена и фарбана коса, а во мала количина може да се нанесе и без воошто да се измие. Исто така, путерот е добар за смирување и хранење на косата по завршувањето со бричењето или депилацијата, а позивитно влијае во зараснувањето на исекотините.

Кратко кажано, шеа путерот е практичен, поволен и неопходен за секоја жена која посакува здрава и негувана коса и кожа.

Објавено:
13 јули 2013
Категорија: 
Убавина