Боб фризурата слави 110 години!

26 јули 2019

Боб фризурата стана ултра популарна во златното време на Холивуд, а се чини дека и по 110 години истата не излезе од мода, туку напротив, уште повеќе доби на популарност.

Познатите холивудски дами и денеска ја обожаваат оваа фризура и секогаш знаат како повторно да ја направат популарна и посакувана.

beauty_schools_directory

Британската инфлуенсерка и модел Алекса Чанг беше меѓу првите кои ја популаризираа оваа фризура пред неколку години, а веднаш по неа и дизајнерката Викторија Бекам која и денеска со гордост ја носи.

hello_magazine

Убавицата Ирина Шајк е уште една во низата дами кои не можеа да ѝ одолеат на оваа стилска фризура, а мора да признаеме дека на неа можеби и најдобро ѝ прилега.

harpers_bazaar

Инаку, оваа легендарна фризура е создадена од познатиот фризер Антоан де Парис во далечната 1909 – та година, а меѓу неговите познати клиентки биле и Брижит Бардо, Коко Шанел, Едит Пјаф и Марлин Дитрих.

vintage_everyday

Приказната вели дека тој ја создал оваа фризура сосема случајно, кога во еден момент негова клиентка ја загубила шапката, па му рекла да ѝ направи слична фризура како овој моден додаток.

Веќе следниот ден, во салонот на познатиот француски фризер се појавиле некои од најотмените Парижанки кои побарале иста фризура како на нивната пријателка, па оттука сѐ останато е историја.

leon_studio

Години подоцна, Коко Шанел ја запечати историјата со фантастична верзија на фризурава по што следеше нова ера на обожаватели.

Денеска, девојките носат бројни верзии од истата, па така едноставната боб фризура ја надополнуваат со шишки, бранови, асиметрични прамени и слично.

all_things_hair

Популарните магазини меѓу кои и In Style ја најавуваат боб фризурата како огромен хит и оваа есен, па доколку ви требаше некоја промена, сега е време да ја направите.

beka_photos

Како ви се допаѓа вам оваа фризура?

instyle_magazine_australia

Инфо: Elle.hr

Објавено:
26 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
787 пати