Дали е ова најбизарниот маникир некогаш направен?

18 февруари 2016

Во време кога во најголемите светски градови се случуваат модните недели, и повеќе од очекувано беше дека ќе се појави и некој бизарен тренд, а токму тоа и се случи.

На ревијата на Libertine каде беше прикажана колекцијата есен/зима 2016, покрај по добрите креации, дизајнерот Џонсон Хартиг беше запаметен и по „откачениот“ маникир што го побара за девојките.

Имено, моделите на пистата се појавија со бизарен крзнен маникир што буквално го преплави Интернетот во последните 24 часа.

Маникирот на девојките го направи тимот од козметичкото студио CND, кое впрочем е познато по лудите креации на нокти.

Секако, истиот е интересен само во услови кога ќе мирувате, односно кога нема да ги употребувате прстите за никаква работа, освен за пишување пораки.

Со оглед на тоа што истиот веќе го преплави Инстаграм, прашање на време е кога некоја од познатите девојки ќе го направи, а секако, веднаш по неа и сите останати трендсетерки ширум светот.

Покрај крзнениот, дел од моделите имаа и маникир направен со помош на конци кои висеа од ноктите

Ви се допаѓа ли последниот тренд кај маникирот? 

Објавено:
18 февруари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.730 пати