„Диор“ го има совршениот производ за неутрализирање на сите недостатоци на лицето

14 август 2017

Добрата основа и сокривањето на недостатоците се клучниот фактор за добар изглед на лицето, пред да се продолжи со нанесување на декоративната козметика.

Честопати знае да биде проблематично ракувањето и аплицирањето на коректорот, со цел да се сокријат и поправат подочниците, пигментацијата на кожата, флеките и слично...

Затоа, од брендот „Диор“ создадоа производ, во течна форма кој ќе ви го олесни секојдневието и има троен ефект.

 

 Се работи за Diorskin Forever Fluid Foundation и е единствениот производ кој што ви е потребен, бидејќи истовремено има улога и на коректор и на основа, односно пудра и совршено ги неутрализира недостатоците во текот на целиот ден.

Исто така, оваа течна формула има и хидрирачко својство, па нанесувајќи го имате пријатно чувство на кожата и ослободени сте од тежината која ја создаваат некои други производи со слична намена. Исто така водоотпорен е и има совршено мек апликатор.

фото: thevelvetlife.com

Нема потреба да размислувате за тоа дали ќе исчезне дејството, бидејќи трае и повеќе од осум часа, дали ќе се појават непријатни линии и слично, бидејќи ќе добиете совршена подлога за вашето лице со мат ефект и ќе се посветите на она што ви е најважно во текот на денот.

фото: dior.com

Достапен е во десет нијанси, па можете да ги користите оние што се соодветни за вашиот тен за да го постигнете вистинскиот ефект за прикривање на недостатоците и контурирањето.

Заштитно лице за овој производ во светски рамки е Бела Хадид, а во видеото во продолжение ќе видите како таа го аплицира.

Од „Диор“ советуваат да нанесете неколку точки во пределот на подочниците, како и на сите други места на лицето што сакате да ги прикриете. Потоа со прстите лесно размачкајте нанадвор. Потоа ставете Доколку сакате поинтензивна подлога, можете да го користите пред или по нанесувањето на пудрата, односно пудрата во прав.

фото: youtube.com/diormakeup

 

Освен овој совршен производ, Бела користи уште некои „Диор“ производи при утринската нега, односно секојдневната шминка, а тоа го имате во видеото подолу:

Производот е достапен и во Македонија во поголемите парфимерии и дрогерии, а за дополнителни информации погледнете и тука.

 

*спонзорирана објава - IT Cosmetics

Објавено:
14 август 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.027 пати