Dior Homme Sport – авантура за современите мажи

31 мај 2017

Првата верзија на парфемот за мажи Dior Homme Sport излезе во 2008-ма година, додека во 2012 беше редизајниран во една уште поелегантна варијанта.

Новата верзија на оваа ексклузивна мирисна нота беше лансирана во февруари годинава, и носи една освежена, моќна и урбана арома инспирирана од динамичниот животен стил на современите мажи.
Оваа верзија на парфемот е карактеристична по „екстремните" овошни ароми, комбинација на лимон, портокал и грејпфрут.

Исто така во комплетното редизајнирање е вклучено и пакувањето, што сега добива еден понежен, софистициран изглед.

Заштитно лице на парфемот е актерот Роберт Патинсон, а носечкото мото е „Life is a Playground."

 

 

Објавено:
31 мај 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
126 пати