Диор ја промовираше новата ексклузивна маскара Diorshow Pump 'N' Volume

7 март 2017

По спектакуларната модна ревија за новата есен-зима колекција за 2017/18, луксузниот бренд Диор на Модната недела во Париз, го промовираше својот нов, ексклузивен козметички производ, маскарата Diorshow Pump 'N' Volume.

Новата маскара што ќе биде достапна во продажба од 1-ви април, ја промовираше заштитното лице на козметичката линија на брендот, Бела Хадид, во присуство на креативниот директор на козметичката линија на Диор, Питер Филипс.

На промотивниот настан присуствуваше и елитата од светската јавна сцена, меѓу кои беа и Кјара Ферањи, Аманда Стил, Тамара Калиниќ, Елена Перминова, Марта Лозано, Хелена Бордон и уште многу други имиња значајни во модната и козметичката индустрија.

Мејкап артистот Питер Филипс кој беше задолжен за шминката на манекенките за шоуто на Диор, вели дека со овој мејкап целел кон тоа да и даде конкретна експресија на визијата на Марија Грација Кјури за оваа колекција, која е олицетворение на жената која е убава и со слободен дух.

Инаку, маскарата Diorshow Pump 'N' Volume постигнува ефект на XXL трепки. Спектакуларна е од секој аспект, едноставно се нанесува, четката е флексибилна, а ефектот е веднаш видлив! Револуционерен производ во име на женската убавина!

Објавено:
7 март 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
204 пати