Диор слави 60 години од Rouge Dior со Натали Портман

17 август 2013

dior-fall-2013-rouge-dior-collection

Натали Портман како верна долгогодишна пријателка на брендот Кристијан Диор, ангажирана е во славеничката кампања на париската модна куќа, која оваа година ќе одбележи 60 години од лансирањето на култиот руж за усни Rouge Dior.

Славеничката колкеција, која ќе се лансира оваа есен, на пазарот донесува широк спектар на женствени бои, од неутрални бежови нијанси, преку романтични пастелни тонови, па се до класични црвени.

dior-fall-2013-rouge-dior-collection-1

Со оглед дека од 1953 година па до денес во продажба се појавиле преку 1500 нијанси, оваа колекција опфаќа најмалку 32 нијанси на Rouge Dior за секој женски стил и вкус, а со нив, во колекцијата ќе се најдат и Dior Contour Lip Pencil и четири нијанси на Dior Le Vernis.

dior-fall-2013-dior-rouge-le-vernis

dior-fall-2013-rouge-dior-collection-2

 

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Убавина