Дневна доза смути: Појадок во чаша

2 јули 2015

25.6 pojadok vo casa

Ако сте од оние што живеат брзо и немаат време ниту за добар појадок, ова смути  ќе ви дојде како порачано. Нашите нови пријатели од smuti.mk  секогаш имаат добар предлог како да внесуваме здрави и вкусни намирници, на брз и едноставен начин.

Овој појадок содржи бројни хранливи состојки во само една чаша, што ќе ги задоволи сите ваши потреби,не само на хранливо туку и енергетско ниво .

Потребно:

  • една голема лажица овес
  • една шолја бадеми
  • една шолја јагоди
  • една банана
  • една шолја јогурт
  • една шолја млеко

Овесот содржи специјални влакна кои ефикасно го намалуваат нивото на холестерол. Исто така, може да го регулира и шеќерот во крвта и да ја спречи појавата на тип 2 дијабетес, a се користи како природно решение против чешање.

25.6 oves

Подготовка:

Состојките се ставаат во моќниот Nutribullet ,апарат направен да ја разградува храната ослободувајќи ги хранливите состојки скриени внатре. На тој начин, добивате пијалок кој ќе биде полн со хранливи состојки кои организмот многу лесно ги апсорбира.

smuti

Во продолжение, погледнете го и видео рецептот каде ќе ја видите деталната подготовка на пијалокот, па нека ова биде вашиот следен појадок.

Објавено:
2 јули 2015
Категорија: 
Убавина