Домашен антибиотик кој ќе ви помогне во борба со настинките

1 ноември 2018

Времето периодов е исклучително тешко и несоодветно за оваа сезона, па токму поради тоа сè почести се настинките, кашлицата и разните вируси кај возрасните, но и кај најмалите.

Она што прво мора да го направите во такви моменти е да пронајдете природни начини за да се борите со вирусите и да внесувате многу витамини.

Фото: Hyva Terveys

Постојат неколку добри рецепти кои досега се покажале како ефикасни, па сега е време да се потсетиме на истите и да ги направиме уште денеска, па дури и како превентива за настинките.

За овој рецепт потребни ви се две супер намирници кои секогаш ни се при рака – мед и куркума.

Фото: Lazy Sunday

Подготовка:

Измешајте една лажица куркума со 100 грама мед. Мешајте додека смесата не стане хомогена. Во претходно добро измиена стаклена тегличка ставете ја содржината и херметички затворете ја.

Оваа навидум едноставна мешавина од мед и куркума е одлична поради тоа што дезинфицира, делува како антиоксиданс и е супер ефикасна против сите воспаленија.

Фото: Best herbal health

Се препорачува првиот ден да се зема по пола лажичка од смесата, а пред да ја голтнете, оставете ја неколку секунди да се растопи во устата. Вториот ден земете по пола лажичка на секои два часа, а третиот ден намалете на три лажици дневно.

Инфо: Modamo.info

Објавено:
1 ноември 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
656 пати