Домашен антицелулитен пилинг од кафе

23 јули 2016

Огромен број од жените ширум светот имаат проблеми со целулитот и се во постојана потрага по совршениот производ што ќе им помогне во борбата со истиот.

Покрај бројните антицелулитни креми, постојат и многу домашни и природни пилинзи со кои може да се ослободите од целулитот.

На денешното мени за викенд проекти е овој едноставен и лесен пилинг од кафе за кој многумина ќе потврдат дека има супер ефикасни резултати.

Истиот е најевтината и наједноставна варијанта на антицелулитетн производ што секоја жена може да си го дозволи. Постојат бројни варијанти на овој пилинг, бидејќи многумина го сметаат кафето за ефикасен сојузник во борбата против целулитот, бидејќи ја поттикнува циркулацијата и ја ослободува кожата од сите неправилности.

Кафето е најчеста состојка во голем број од кремите против целулит, но зошто да користите такви креми, кога можете да си направите пилинг со кафе и во домашни услови?

Овие состојки сигурно ги имате дома, па доколку сакате мазна кожа ова лето, вреди да пробате!

Потребно:

4 лажици кафе, 4 лажици морска сол, 2 лажици маслиново или кокосово масло, малку ванила во прав или некое етерично масло за убав мирис...

Подготовка:

Во еден голем сад измешајте го кафето и солта, а потоа додадете го и маслото и мешајте добро сѐ додека смесата не се соедини. Ако сметате дека смесата е многу сува, додајте уште неколку капки масло, но внимавајте да не претерате. Добиената смеса покријте ја со капаче и користете ја секојдневно по еднаш, добро триејќи ја на местата каде имате целулит. Секако, доколку имате некои проблеми со кожата, секогаш консултирајте се со доктор пред да користите било што, па дури и природни производи.

Извор: Journal.hr

Објавено:
23 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.067 пати