Домашен препарат на кој синусите ќе ви бидат благодарни

28 октомври 2019

За сите што имаат проблем со синусите, ова време од годината не е баш омилено. Со оглед на тоа дека овој проблем може да биде макотрпен и долготраен, ние денеска ви пренесуваме еден природен рецепт, на кој синусите ќе ви бидат благодарни и ќе го решите проблемот брзо.

Еве што ви е потребно:

1/4 шолја вода

1/4 шолја јаболков оцет

1 лажица мед

1 парче ѓумбир

1 парче лимон

Подготовка:

1.Водата загрејте ја до вриење

2. Во шолја ставете јаболков оцет па прелијте го со врела вода.

3.Додајте мед и нарендајте малку ѓумбир, мешајте додека медот не се стопи.

4.На крајот, исцедете го лимонот и уште еднаш промешајте.

5. Наведнете ја главата над шолјата, два до три пати длабоко вдишете, а потоа испијте ја смесата.

 

Совет:

Сирупот за против синуси делува така што ја разредува слузта и ги отвора дишните канали.

Има интензивен вкус и мирис, па доколу сте чувствителни, затнете го носот со прсти, пред да го испиете.

Се пие еднаш до два пати дневно.

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.228 пати
Тагови: 
здравје синуси