Донесете го морето во вашиот дом и почувствувајте ги неговите бенeфиции

4 јули 2019

Иако можеби сè уште не сте ги посетиле морските плажи, тоа не ве спречува да го почувствувате морскиот здив во домашна атмосфера. Сите го обожаваме морето, покрај море се чувствувме поблиску до нашата природна убавина. Нашата кожа е помазна, нашата коса е разбранувана и мека. Следниве производи од Lush ви го оозможуваат токму тоа чувство.

Scrub Scrub Scrub пилинг за туширање. Никој не останува рамнодушен на овој црн пилинг за тело, со морска сол, темни кристали и јаглен во прав. Интензивниот мирис на црна рибизла ќе ве освои од прва.

Salted Coconut пилинг за раце. Неверојано мека кожа и пилинг од неверојатна комбинација: морска сол и кокос. Морската сол е неверојатен природен ексфолијант, а кокосот дава богата хидратација. Доведете ги вашите дланки до совршенство.

Ocean Salt пилинг за лице и тело. Тајната на овој пилинг е : крупна и ситна морска сол, лајм потопен со водка, путер од авокадо и кокосово масло. Вашата кожа ќе блесне. Совршен е за кожа со отворени пори.

Big Blue шумлива купка за во када. Сега дефинитивно можеме да се нурнеме во морска вода во нашата када. Морската трева, морската сол, небесно сината боја и веќе сте на совршената дестинација.

Sea Spray спреј за коса со морска вода, морска сол, масло од нероли, растителен глицерин, за секси здрав изглед на вашата коса. Бидете како што само излезени од морето и и истакнете ја брановитоста на вашата коса.

Big шампон за волумен. Морска сол, омекнувачки морски алги, инфузија од органски
лимон, ладно цедено кокосово масло... Еден од најбарните шампони. И дава на косата природен волумен, а мирисот е неодолив.

Jersey Bounce шампон за волумен и влажност. Направен од најхранливите состојки за вашата коса, за да биде здрава мека, сјајна и полна со волумен. Освен морската сол за волумен има и мед за влажност, маслиново масло за хидратација, масло од лаванда и масло од лимон.

Уживајте во морските мириси во секое време...

 

Објавено:
4 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.108 пати
Тагови: 
козметика Lush