Дваесет најмодерни фризури низ годините

21 јуни 2013

Почнувајќи, од Џенифер Анистон со нејзината кош кратка степенаста фризура во 1994, стилизирана  за потребите на серијата „Пријатели“ , уметноста за играње со прамените коса во Холивуд навистина има своја историја. Ако Џенифер е почетокот , продолжуваме понатаму со машкото влијание  врз изгледот на фризурата. Бушавата ултра кратка фризура на Винона Рајдер за премиерата на филмот Alien Resurection во 1997, продолжува со Хали Бери на доделувањето на оскарите во 1997 година, чин кој го заокружуваме со Мишел Вилијамс на премиерата на последниот нејзин филм „Оз: Големиот и моќниот“.

 

 

Голема револуција направи и таканаречената боб фризура која според галеријата можете да видите дека со годините се менувала. Дру Баримор ја комбинираше со шишки и цветче во косата, потоа Викторија Бекам направи голем чекор ослободувајќи се од својата долга  коса и модифицирајќи ја  боб фризурата со подолги прамени нанапред, а пократки позади. Нејзиниот пример го следеше и бившата сопруга на Том Круз, убавата Кејти Холмс, на која оваа фризура и стои совршено. А последна која го наметна трендот на боб-фризура е ангелот на Викторија Сикрет Карли Клос.

 

 

Забележани ќе останат и немирните кадрици на Сара Џесика Паркер на премиерата на третата сезона од мега популарната во светски рамки серија „Сексот и градот“.

Слоевитоста како белег и степенастите прамени и ги препишуваме на Мег Рајан, која својата коса веќе години наназад ја носи во истиот облик. Слична фризура само во фенирана варијанта носи и Рис Витерспун, но најголем впечаток оставаат недефинираните кадрици и степенасто сечената црвена коса на Кирстен Данст на премиерата на филмот „Марија Антоанета“, каде таа ја толкува главната улога.

 

 

Долгата коса е заштитен знак на неколку диви во светот на шоу бизнисот. Џенифер Лопез, Пенелопе Круз, Сиена Милер, Жизел Бундшен и Софија Вергала имаат секогаш негувани долги коси, совршено обликувани, со многу сјај, па секогаш ги крадат воздишките на нивните обожаватели.

 

 

Популарниот омбре стил го негува Алекса Чанг која долгите шишки ги скрати и ги осветли краевите на косата, па изгледа кул и опуштено.

 

 

Ако почнавме со Џенифер Анистон да завршиме и со неа. Нејзината пеглана права долга коса е изглед кој таа често го практикува. Од девојка со „кош“ фризура сега е жена која плени со гламур и елеганција.

Погледнете ја целата галерија и видете како се менуваа изгледите во поглед на фризурите:

Објавено:
21 јуни 2013
Категорија: 
Убавина