Џенифер Лопез ќе лансира колекција шминки

10 април 2018

Познатата пејачка и актерка сега влегува во нов предизвик - создавање колекција шминки. После дизајнирањето облека под нејзино име и чевли за Џузепе Заноти, таа одлучи дека сега ќе ја развива својата креативност (читај бизнис и пари) во декоративната козметика.

Ова и не е некое изненадување, ако се има предвид дека речиси сите познати личности почнаа да инвестираат во овој бизнис. Порано сите сакаа да бидат дизајнери, но со оглед на тоа дека тоа веќе не е „ин“, сите се насочија кон шминката. Во популаризирање на овој тренд придонесе и Кајли Џенер која успеа да изгради вистинско богатство.

Се работи за нова соработка со полскиот бренд „Inglot“, под чие будно око ќе се следи креирањето на колекцијата.

 

Досега е познато дека името на колекцијата ќе биде „Jennifer Lopez x Inglot“, а ќе се состои од 70 парчиња шминка, што ќе вклучува производи за очи (сенки и маскара), усни, нокти, лице.

Една од целите е сите што сакаат да го постигнат нејзиниот изглед, односно шминка, да им биде достапно. Посебен акцент е ставен на бронзерите, што се и нејзин заштитен знак, а меѓу најпопуларните нијанси, како најавуваат од брендот, ќе биде мат карамела.

 

Колекцијата ќе биде пуштена во продажба на 26-ти април, а ќе биде достапна и онлајн преку посебно креиран сајт: jenniferlopezinglot.com; како и во продавниците на козметичкиот бренд ширум светот и нивната онлајн страна. Како пренесуваат странските медиуми, цената на производите ќе се движи од 8.50 до 49 долари.

 

 

Објавено:
10 април 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
496 пати