Џоан Смолс лансира колекција драматични кармини

22 септември 2014

Таа не се плаши да се нашминка со драматична темна боја на кармин, доказ за тоа е нејзиниот изглед на годинешната Мет Гала. Џоан Смолс по се изгледа е приврзана кон ваквите мистични нијанси, а надоврзано на тоа неодамна на својот профил на Инстаграм откри дека наскоро ќе лансира линија кармини во соработка со Estèe Lauder.

-Многу сум возбудена што објавувам дека работам на нова колекција кармини, тие се мат и шик. Моите омилени нијанси чекаат да добијат свое име, што мислите кои се најдобрите? – ги праша обожавателите манекенката.

Инаку, Џоан беше заштитно лице на познатата компанија во 2010 година, покрај Стефани Сејмор и Лиу Вен.

Објавено:
22 септември 2014
Категорија: 
Убавина