Џорџ Клуни го има најсовршеното лице на светот

28 јули 2017

Најсовршеното женско лице го има Амбер Херд. Ова е резултатот од истражувањето на група научници предворени од естетскиот хирург, доктор Џулијан де Силва за најубавите жени во светот.

Сега пак, излезе истражувањето поврзано со машката убавина, а според научниците, најсовршеното машко лице го има Џорџ Клуни.

фото: rtl.fr

За потсетување, истражувањето се прави со користење на фацијална техника на мапирање според грчкиот златен сооднос за убавина наречен „Фи“.

Според таа формула, Клуни има дури 91.86 отсто симетрично лице и е најбликсу до древната совршеност.  

Користејќи го компјутерското мапирање, научниците дошле до следните резултати -  Рајан Гослинг го има совршениот нос, Хари Стајлс совршени очи и брада, додека Дејвид Бекам го има најсовршениот облик на лице.

фото: delish.com

-Џорџ Клуни со децении се наоѓа на листите на најзгодни мажи во светот, но сега науката го потврди тој статус. Има прекрасна симетрија на лицето и најблиску е до грчкото совршенство – вели докторот Де Силва.

Ако се гледа севкупната симетрија на лицето, а не поединечните делови, тогаш листата изгледа вака:

1. Џорџ Клуни (91.86)

фото: thesun.co.uk

 

2. Бредли Купер (91.80)

фото: thesun.co.uk

 

3. Бред Пит (90.51)

фото: thesun.co.uk

 

4.Хари Стајлс (89.63)

фото: thesun.co.uk

 

5. Дејвид Бекам (88.96)

фото: thesun.co.uk

 

6.Вил Смит (88.88)

фото: thesun.co.uk

 

7.Идрис Елба (87.93)

фото: thesun.co.uk

 

8.Рајан Гослин (87.48)

фото: thesun.co.uk

 

9.Зејн Малик (86.5)

фото: thesun.co.uk

 

10.Џејми Фокс (85.46)

фото: thesun.co.uk

Објавено:
28 јули 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.575 пати