Ѕвездите на „Game of thrones“ во кампања на Долче и Габана

5 септември 2017

Доменико Долче и Стефано Габана веројатно се помеѓу милионите фанови на популарната серија „Game of thrones" со оглед на тоа дека во својата нова кампања ги ангажираа главните ѕвезди на серијалот, Кит Харингтон и Емили Кларк.

Двајцата актери се заштитни лица на парфемот „The One", односно Емили за женската, а Кит за машката верзија.

Кампањата е снимена во препознатливиот стил за дизајнерската двојка, во типичното динамично италијанско опкружување, со познатата италијанска трпеза во позадина.

Овој потег на Долче и Габана воопшто не е наивен и доаѓа во вистинско време, односно кога серијата го ужива својот врв на популарноста, а кампањата ја објавија една недела по прикажувањето на последната епизода од новата сезона.

Фото: D&G

Објавено:
5 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
700 пати