Единствено во Cosmo: 100 % природно мароканско масло од арган!

27 јануари 2016

Маслото од арган е ретко природно масло кое се извлекува од семето на плодот на егзотичното арганово дрво (Argania spinosa). Традиционално, жените во Мароко го користат за разубавување, заштита и потхранување на кожата.

Аргановото дрво доживува старост од 150 до 200 години, а почнува да произведува плодови дури после 30 - тата година. Самото дрво е голема реткост, па така и производството на масло е релативно мало споредено со големата универзална побарувачка.

Дрвото расте само во лимитирана област, мала пустина во регионот на градот Есауира во југозападно Мароко. Процесот на производство на маслото, во кој учествуваат жените од овој регион е рачен и трае и до 12 часа за добивање на само еден литар масло. Поради тоа се смета за едно од најскапите масла во светот.

Познато како „течно злато”, аргановото масло е вистинско богатство на природата. Како богат извор на витамини А и Е и омега масни киселини 3, 6, 9, аргановото масло претставува идеален третман за оштетена коса, хидратација на кожата на телото и третман против стареење на лицето.

Исто така тоа се користи традиционално за лекување на кожни болести, како што се псоријаза и егзема, восаление на кожата, како и против болки во зглобовите, хиперхолестеролемија и артериосклероза.

APIA аргановото масло е 100% природно и истото:

- помага во регенерација на клетките

- ја враќа еластичноста на кожата

- ја заштитува кожата од иритација

- претставува идеална anti age терапија

- ја враќа влажноста на исушената и дехидрирана кожа

- помага во борба против стрии и лузни на телото со употреба во текот на бременоста

- одличен e како третман за хидратација на кожата после изложување на сонце

Со честа употреба на косата помага при:

- враќање на влажноста на сувата и оштетена коса

- помага во борбата за отстранување на првут

- честата употреба помага против опаѓање на косата

- идеален третман против распукани врвови

- ја заштитува косата од штетното влијание на сончевите зраци

- ја хидрира, ревитализира и заштитува косата од хлор, фарби, гелови , лакови за коса 

Објавено:
27 јануари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.248 пати