Еко совети за убавина од различни страни на светот

24 април 2014

Жените низ целиот свет имаат свои природни состојки и локални тајни кои  суплементираат на негуваноста и убавината. Во продолжение уредниците од неколку регионално светски изданија на реномираниот моден магазин Ел, ги откриваат тајните на природната убавина. Дознајте нешто повеќе за тоа зошто Бугарите користат масло од  роза , кинезите го мијат лицето со оризова вода и уште многу други инсајдерски совети од неколку страни на светот.

 

Бугарија

Марија Георгиева која работи како уредник во бугарското издание на Ел, вели дека топло ја препорачува глината за оние што имаат мрсна кожа на лицето.

-Во мојата земја тајната на убавината ја носи маслото од рози. Моја препорака е секојдневно да го чистите лицето и со тоник од камилица. Маслото од рози сигурно ќе ви помогне квалитетно да ја хидратирате и исчистите кожата, открива Марија. Кога моите очи изгледаат уморно, во замрзнувач ставам кесички од чаеви, кои такви смрзнати ги ставам да отстојат на моите очни капаци.Таа додава дека во однос на храната, јогуртот е најкористениот  продукт кој им помага за правилна функција на цревната флора. Единствениот проблем во однос на убавината и негата, им е загадениот воздух, па кога ќе отпатуваат на неколку дена во друга држава, веднаш ја чувствуваат разликата.

Кина

Лети Тсенг од кинеското издание на магазинот Ел, вели дека преферира да прави микс од неколку природни продукти, а омилена од сите и е оризовата вода што ја користи со години за миење на лицето.

-Ние во Кина веруваме дека оризовата течност придонесува за чиста и сјајна кожа. Посебно им помага на оние што имаат проблеми со масна кожа. Храната секако дека игра улога за да изгледате убаво и здраво. Секоја земја изобилува со овошја и зеленчуци, а дека треба постојано да ги консумирате, тоа сигурно го знаете. Секако и ние имаме проблеми со загадениот воздух, па често носиме маски на лицето. Лично јас се радувам што барем имаме природни производи за да ги неутрализираме сите штетни нечистотии.

Хрватска

Михаела Батиниќ која е уредник на страниците за нега и убавина открива дека една од најкористените природни состојки е копривата.

-Доколку имете проблеми со скалпот, мој предлог е да наберете свежа коприва и да ја ставите да се вари во 4 литри вода, откако ќе се излади измијте ја косата, а потоа не шампонирајте. Тајната на сите жени и девојки во Хрватска е маслиновото масло, употребувајте го на лицето,косата и по целото тело, неговата благородност ќе ја забележите многу брзо. Бидејќи живеам близу до Средоземното море, многу е полесно да јадам здрава и свежа морска храна, вели Михаела која завршува со тоа дека немаат многу проблеми со загадувањето.

 

Јужна Африка

Сара Хоберман на која исто така секојдневие и се текстовите за нега и убавина вели дека прошетките и активностите во природа се најдобриот еликсир на здравјето и убавината. Таа често користи морски путер кој ја навлажнува кожата и ја прави еластична.

-Сезонската  храна е најдобара. Во зависност од она што е на располагање во тоа време од годината , мојата секојдневна исхрана се состои од авокадо, сушено говедско месо, чаеви, ореви, свежо грозје, лосос, разни видови  зеленчук . Мој совет независно на кој крај од светот да живеете, е да ја штитите кожата од сончевите зраци, секогаш нанесувајте крема со заштитен фактор, носете шапки и очила за сонце, препорачува Сара.

 

Објавено:
24 април 2014
Категорија: 
Убавина