Elena Luka Hair and Makeup Studio: Неутрални тонови за природен изглед

27 мај 2019

Природниот изглед е безвременски.

Дискретна шминка што ќе ја нагласи Вашата природна убавина, а суптилно ќе ги корегира недостатоците, е секогаш ИН независно од сезонските мејкап тенденции.

Токму затоа побаравме совет од реномираното студио за убавина што функционира во рамките на ателјето на Елена Лука, како ова лето да ја потенцираме нашата природна убавина со минимална шминка.

Она што ни го посочуваат од Elena Luka Hair and Makeup Studio, е задолжителната, секојдневна нега на лицето и кожата воопшто. Само чиста и негувана кожа е база за совршен и блескав изглед во текот на целото лето.

Истовремено, она што е исклучително значајно во текот на летните денови, е да не ја заборавате кремата со заштитен фактор со цел да ја заштитите кожата од негативното влијане на сончевите зраци.

Во однос на суптилниот мејкап, со кој се постигнува ефект на природен изглед, од Elena Luka Hair and Makeup ги препорачуваат неутралните тонови на сенки за очи, во одредени случаи (на пример за вечерни летни излегувања) комбинрани со ајлајнер и нагласени трепки со римел.

Во оваа мејкап естетика, идеално се вклопуваат кармини во нежни нијанси што ќе го нагласат природното руменило на усните.

За вечерен природен изглед, може да додадете малку хајлајтер со што ќе ги потенцирате јаболчниците.

 

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
742 пати