Elena Luka Hair and Makeup Studio предлага металик нијанси за вечерни излегувања!

20 јуни 2019

Кога станува збор за металик нијанси на шминка, девојките многу често се плашат да експериментираат бидејќи не знаат како овие бои ќе им прилегаат.

Elena Luka Hair and Makeup Studio нѝ посочува дека ова лето треба максимално да се забавуваме и да одбереме нијанси со кои очите ќе бидат во фокусот.

Од студиото за убавина што функционира во рамки на модниот бренд Елена Лука велат дека металик нијансите се повторно ин, па така нивниот денешен предлог е впечатлива и заводлива шминка со акцент на сребрените нијанси кај очите.

Иако е лето и ги обожаваме неутралните нијанси, сепак, понекогаш сакаме да го истакнеме лицето со малку повпечатлива шминка.

Доколку пред вас е некоја значајна свеченост или свадба на најдобрата другарка, ова е шминката што треба да ја одберете за да блеснете.

Најголемиот акцент во случајов е ставен на очите кои првично се истакнати со туш во црна нијанса, минимална темна сенка и неодоливи сребрени моменти.

Токму сребрената сенка ќе направи вашите очи да изгледаат поголеми, но она на што треба да посветите внимание е да ја најдете соодветната нијанса на сенка, што ќе ви биде олеснето во Elena Luka Hair and Makeup Studio.

Шминката е надополнета со кармин во кафена нијанса како најсоодветен што би можел да одговара со сребрените нијанси на очите.

Доколку сакате нешто повеќе, во комбинацијата додадете и сребрени обетки, додека парчињата што ќе ги одберете нека бидат еднобојни за навидум едноставен, но моќен изглед.

Во Elena Luka Hair and Makeup studio ќе најдете прекрасни нијанси на металик сенки и сè што ќе замислите за да можете да блеснете веќе на следната забава.

Објавено:
20 јуни 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
327 пати