Есенска маска за лице на база на тиква

12 ноември 2014

Доколку до сега сте ја користеле само како дел од исхраната, добро е да знаете дека нејзините благодети, може да ви помогнат и во негата на кожата на лицето. Месото од тиквата содржи цинк, антиоксиданси и витамини, кои се клучни во борбата против борите и пегите, а истовремено пружа свежина, која ја снемува поради недостатокот од хидратација на кожата, особено во есенскиот и зимски период.

За правење на маска за лице ќе ви биде неопходна една четвртина од тиква и едно јајце. Жолчката содржи хранливи состојки, а белката е добра за намалување на порите. За сите оние дами кои имаат сува кожа, потребно е во маската да додадат една лажица мед, кој ќе ја пружи неопходната еластичност и ќе го намали воспалението, благодарение на антибактериските својства.

Доколку имате масна кожа, во маската додадете јаболков оцет или сок од брусница, кои ќе придонесат за ефектен пилинг на лицето. Маската се нанесува на лицето и на пределот на деколтето. Треба да ја оставите на себе 15 до 20 минути и потоа да се измиете со топла вода.

Преземено од Cromoda.com
Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Убавина