Есенски тренд: Метални украси во коса

8 октомври 2016

Доколку оваа есен сакате да експериментирате со вашата коса тогаш имаме еден интересен предлог за вас: вметнете метални украси.

При тоа, може да искористите мали алки, прстени или обетки и да ги сплетате во вашата коса на различни начини, на обична или внатрешна плетенка, репче, па дури и во свечена фризура.

Професионалните фризери користат и декоративна жица, метални копчиња и прстени, а ги фиксираат со лак за коса.

Пробајте го овој нов тренд, а инспирирајте од примерите во продолжение.

Објавено:
8 октомври 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
480 пати