Есте Лаудер туторијал: Убави за три минути!

6 февруари 2015

Талентираната и една од најуспешните американски жени Есте Лаудер одамна изјавила дека за жената да е убава, доволни и се само три минути потрошени на шминкање.

Денеска, кога постојано сме во трка со времето и кога сѐ помалку имаме шанси да си посветиме квалитетно време на себе, потребни ни се вистински сојузници за убавина.

Кога велиме сојузници, дефинитивно мислиме на козметичката компанија Есте Лаудер од каде доаѓаат квалитетни и секогаш пријателски расположени производи за нашата кожа.

Во чест на вашето скапоцено време, денеска ви прикажуваме туторијал целосно направен со производите на Есте Лаудер и мејк ап артистот и консултант за убавина Виолета Трајковска од компанијата Орбико, кои се официјални дистрибутери на козметиката на брендот.

Патувањето наречено Есте Лаудер, Виолета го започна со измазнување на лицето со квалитетните коректори и пудри од понудата на брендот, со што кај моделот постигна беспрекорен изглед на кожата на лицето со едноставна техника.

 

Постапката ја започна со нанесување на Idealist Even skintone Illuminator, за потоа да продолжи со нанесување на Double wear коректорот кој со голема и квалитетна четка, таа го распореди низ целата површина на лицето.

Веднаш потоа, таа продолжи со применување на техниката за освежување и нагласување на пределот околу очите. Откако измеша неколку производи од понудата и ги нанесе околу очите за посвеж изглед, нанесе и малку од новиот Double wear BB glow коректор, што се нанесува од надворешната и внатрешната страна на аглите од окото и дава убава светлина и сјај.

 

Доколку сакате, овој коректор може да го користите за осветлување на било кој дел од лицето за свежина и сјај.

За да се изрази сјајот и да им се овозможи хидратација на образите, Виолета користеше руменило Pure Color Blush, помешано со серумот Evenskin Illuminator кој и даде посебна свежина и сјај на кожата на образите, но и за постојана хидратација во текот на целиот ден.

Во однос на очите, таа нанесе базична сенка во крем/ванила нијанса за да се потенцираат истите, а потоа нанесе и маскара Sumptuous Infinite.

 

Она што беше особено интересно, а што Виолета го остави сосема за крај, беше новата техника на зголемување на волуменот на усните, која знаеме дека многу ќе ви се допадне.

За нагласување на волуменот, таа започна со нанесување на Double Wear Glow коректорот во пределот на целата усна.

Веднаш потоа, таа нанесе светла нијанса на сенка за очи со малку светки во неа. Истата ја нанесе на центарот на усните, а потоа продолжи со исцртување на усните со Double Wear Stay in Place моливчето во црвена боја, со кое ги обликуваше контурите на усните.

За уште понагласен и впечатлив изглед, таа користеше од новите кармини од нивната понуда Envy кои овозможуваат одлично измазнување на усните, содржат хелуронска киселина која овозможува целодневна хидратација и влага на усните, а имаат и прекрасна и богата боја.

Сосема на крај, Виолета нанесе и Pure Color сјај за усни за да се потенцира волуменот на усните и истите да бидат уште пораскошни.

До следниот туторијал на Есте Лаудер, одвојте малку време за себе и уште денеска пробајте ја нивната триминутна техника за убавина!

Mejк ап артист – Виолета Трајковска, Орбико
Козметика – Есте Лаудер
Модел – Милена Стефанова
Локација – Космо Тинекс
Спонзорирана објава
Објавено:
6 февруари 2015
Категорија: 
Убавина