Фестивал на фризура и шминка во Солун

6 декември 2016

Минатиот викенд се одржа 21-от фестивал на фризура и шминка во Солун во хотел „Гранд Хотел Палас“ на кој земаат учество најдобрите стилисти од целиот Балкан.

Овој настан има натпреварувачки карактер, а во ревијалниот дел се претстави и нашиот тим предводен од Александар Младеновски „Инфинити“, Ристе Ристев, Алек Палада и Марјан Петров.

Нашиот тим имаше за задача да креира фризури инспирирани до филмот „Frozen“ секако збогатени со костим и модни додатоци. Велат дека овој начин на презентирање е значаен за нив како од професионален аспект така и од креативен.

Со оглед на тоа дека во натпреварувачкиот дел земаат учество најдобрите, кои пак се натпреваруваат во неколку категории, ревијалниот дел ним им значи доволно и како искуство.

Вештините кои ги покажа нашиот тим привлече многу внимание, а за таа завршена задача се здобија со пехари и пофалници.

Целиот настан беше под покровителство на брендот Диксон.

Објавено:
6 декември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
548 пати