(фото) Philips Lumea: Пред и потоа: Финалните резултати после трите третмани!

22 април 2016

Дојде време и за четвртиот третман со Philips Lumea. Поминаа шест недели од првиот третман и навистина ги добив очекуваните резултати – дури повеќе 75 проценти помалку влакна!

За вас што првпат се сретнувате со текстот за овој апарат, во продолжение погледнете ги текстовите од досегашните третмани:

*Моето искуство со фото-епилатор

*Фото-епилатор Philips Lumea: Видливи резултати дури по првиот третман! 

*Philips Lumea: Збогум на 50% од влакната после само два третмана – време е за третиот! 

А за вас што редовно нè следите и со нетрпение очекувате да слушнете сè за досегашните резултати, во пресрет на четвртиот третман, моите впечатоци следат во продолжение:

За овие шест недели јас:

- немам никакви несакани дејства. Тенот ми е светол, а кожата чувствителна, но за овие шест недели, ниту еднаш не ми се појави црвенило, иритација или било кое друго несакано дејство. Кожата е сосема мазна.

- си ја пронајдов најбезболната и најбрзата епилација. Благодарение на додатоците, Philips Lumea ја користам и за надусници и пазуви. Не закажувам во козметички салони. Го користам во домашни услови, бежичен е, така што не ме ограничува ни просторно, а и тивок е, па не пречите никому при третманот.

- после шест недели имам повеќе и од 75 проценти помалку влакна. Растењето на влакната на рацете и нозете ми е намалено, со што и секој нареден третман со Philips Lumea ми беше побрз ( во просек од 20 до 30 минути за целото тело).

(лево) пред почетокот на првиот третман - (десно) после третиот третман

- кажав збогум на другите типови депилација. Со оглед на тоа дека на почетокот бев скептик, искуството ме мотивираше да продолжам да го користам Philps Lumeа без никакво двоумење. Испитан е на преку 2.000 жени, што секако придонесе за да почнам да го користам.

- четвртиот третман го направив среќна од досегашните резултати. Како што напоменав и претходно, влакната ми се сосема проретчени! На рацете веќе и немам, на нозете преку 80 проценти се исчезнати. Дури и тие малку што растат повторно се меки и брзо се отстрануваат. Препоните се мазни и не задаваат веќе главоболка. Следните третмани ќе ми бидат на четири односно осум недели.

- комплетно сум подготвена за летната сезона. Ова верувам е сон на секоја жена. Јас безгрижно ја дочекувам летната сезона. Веќе нема затскривање, постојано проверување и чекање.

Доколку се одлучите да се почестите со фото-епилаторот Philips Lumea, ве потсетувам дека акцијата во Нептун трае до крај на мај.

Philips Lumea и Philips Lumea Prestige можете да ги купите на 36 месечни рати по 433 односно 861 денари, без камата. Сè за акцијата кликнете овде.

Philips Lumea направи да се чувствувам задоволно и среќно и е мојот нов сојузник за нега на тело!

Објавено:
22 април 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.224 пати