Фризерката на Ријана открива како е да се работи со познати

20 август 2015

Урсула Стефен е името на жената што е заслужна за популарната боб-фризура на Ријана. Таа воедно е една од најуспешните и познати фризери во шоу-биз светот, па освен со убавицата од Барбадос, соработува и со Кери Вашингтон, Ема Вотсон, а неодамна замина за Австралија, да се погрижи за фризурата на Иги Азалеа, која таму снима спот.

Урусла Стефен

Но, пред да замине, за Elle даде интервју, каде открива некои од нејзините тајни. Со оглед на тоа дека таа е Арфоамериканка, кажува и за некои од заблудите околу убавината и косата на „црните“ и „белите“.

-Постои мислење дека продуктите за „црна“ кожа се различни со оние за „бела“, но вистината е дека многу од продуктите можеме да си ги делиме – велиСтефен.

Во продолжение прочитајте дел од интервјуто:

Кога во 2013 година го отворивте салонот во Бруклин, изјавивте дека не треба да биде „црнечки“ или „бел“ салон – едноставно треба да биде одличен, квалитетен салон. Зошто таквите салони се сè уште реткост?

Салонот на Урсула

-Затоа што е потребно време за луѓето да научат како да ги третираат сите различни типови коса. Тоа е еден вид еволуција на продуктите. Кога ние почнавме за првпат да ги правиме брановидните фризури во 1980-тите, е далеку од она што го правиме сега. Се работи за развивање и разбирање на косата. Косата на Афроамериканците е потешка за стилизирање отколку на останатите. Но, со тек на време, косата сè подобро се поручува и разбира од страна и на фризерите и на клиентите.

Кое е најголемата заблуда за косата на Афроамериканците?

-Нашата коса е многу кршлива. Тоа им го порачувам и на мажите и на жените. Не се работи за стереотип. Реалноста е дека ние немаме коса што лесно се обновува, која расте долга и права без било каква помош или за кратко време, или со „екстензии“. Таа е навистина многу кршлива, па затоа при нејзиното негување потребна ви е одлична техника и производи.

Урсула и Ријана

Вие сте заслужна за легендарната боб-фризура на Ријана. Но, што ако таа посака нешто што и не е така добра идеја. Им кажувате ли НЕ на познатите ѕвезди?

-На истиот начин на кој им кажувам на било кој друг што ќе посака нешто што не е добро решение. Морате да бидете строги, цврсти со нив. Не се работи за тоа да бидете непристојни или да им викате. Морате да бидете искрени со нив, затоа што тие се оние што ќе зачекорат по црвениот килим, а ако добијат негативни коментари, вие ќе морате да се справувате со тоа. На крајот на краиштата, тие не мора да ве послушаат. Сум имала клиенти кои не сакаат да слушаат и примаат сугестии. Понекогаш сакаат да го променат изгледот бидејќи и нивниот ривал прави нешто, што значи дека и тие мора да прават нешто ново, па во тој случај мора да зборувате со нив без страв и да бидете многу искрени. Голем дел од моите клиенти сакаат искрен коментар, затоа што го сакаат најдобриот можен резултат и затоа што сакаат да ви веруваат. А вие сакате да им верувате нив. Тоа е значењето на искреноста.

Се наближуваат Ем-Ти-Ви музичките видео награди. Можете ли да ни кажете како изгледа процесот на подготовка на некој како Рири или Иги, што се појавуваат и на црвениот килим?

-Со некој што не е откачен и имате максимална поддршка, се започнува три или четири часа пред појавувањето на црвениот килим. Но, некои клиенти имаат повеќе барања – коса, нокти, полирање, па тогаш се потребни и шест часа пред официјалното појавување. Има изведувачи што сакаат да пробаат со нивниот стилист или дизајнер, па да видат дали фризурата им прилега на комбинацијата, тоа е дополнително време.

А како изгледа Вашиот процес на подготовка?

-Во овој бизнис во кој што сме ние, често ме повикуваат 24 до 48 часа пред настанот. Многу од работите зависат од распоредот - ако некој е во студио, ако снимаат филм или спорт, ако излегуваат порано, ако нешто се одолговлечи или откаже. Сега за сега, не одам на Видео музичките награди, бидејќи, колку што ми е познато, моите постојани девојки не одат. Но, дали сепак ќе одат? И дали и јас ќе одам? Никогаш не вели никогаш. Додека не се качам на авион, сè е можно.

Кога го споменавте авионот, која е најдобрата работа што можеме да земеме со себе, за да ја одржиме фризурата за време на летот?

-Лично, не се заморувам со тоа како изгледам во авион. Секогаш со мене имам голема четка за чешлање, ја расчешлувам косата и ја врзувам. Останатото зависи од тоа што носам. Ако имам природна, кратка коса, земам лосион за виткање на коса, за да добијам на текстура и облик на вистинските места. Но, ако имам долга коса или додатоци, тогаш со мене носам пегла и сув шампон.

Иги Азалеа со фризура од Урсула

Јас имам кадрава коса. Можете ли да ми помогнете?

-Можете да си помогнете сами, така што ќе ја врзете. Ве молам врзете ја. Не можете да се борите против Мајка природа. Многупати посакувате изглед што не соодветствува со вашата природна коса, а летото е одлична можност да уживате во природното и да ви се допаѓа. Ако сакате да имате добра фризура секој ден, тогаш дополнително извиткајте ја, односно оформете ги кадриците. Или набавете си додатоци за коса. Тогаш имате поголем избор.

Што мислите за плетенките на Кајли Џенер и тоа што Интернетот збудале по тоа?

-Ако не зборуваме отворено за расата и убавината и сите тие работи, како ќе стасаме било каде?

Кајли Џенер

Ако Кајли Ви се јави и Ви рече: „Урсула, сакам такви плетенки повторно“, што ќе ѝ кажете?

-Да, ќе го направам тоа. Јас сум стилист за коса. Не сум тука за да судам или да зборувам за тоа како го живеете животот. Можам да разберам дека некои „црни“ стилисти се вознемирени, но јас сум отворена личност и ги навикнувам луѓето да ја користат фризурата за да изразат себеси. Црните жени како мене, користат брановидна или права коса за да постигнат стилови што природно не доаѓаат од нашата култура. Тогаш, зошто бела девојка не може да ја стилизира косата како што тоа го прават црните девојки? Но, би ѝ кажала на Кајли или било која жена што не доаѓа од нашата култура, а сака плетенки, дека тие не се ништо ново. Нема ништо инвентивно во тоа. Бо Дерек имаше плетенки пред десетици години и тие беа одлични. 

Објавено:
20 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.197 пати