Фризурата на Лејди Гага е хит на социјалните мрежи!

29 јануари 2018

На вчера одржаните „Греми“ награди, Лејди Гага повторно успеа да го сврти вниманието кон себе. Овој пат причината не беше ниту фустанот од месо, или некој откачен моден додаток по кој порано беше препознатлива.

Напротив, таа се појави во гламурозна креација од брендот „Armani Prive“. Се работи за комбинезон од тантела и огромно здолниште од тул кое се отстранува по потреба. Така, на црвениот килим ја видовме со него, но потоа во текот на вечерта до израз дојде комбинезонот.

Но, уште повеќе, вниманието го привлече нејзината фризура. Лејди Гага имаше внатрешна плетенка, преку која беше ставена црна врвка, па всушност изгледаше како да има коса на врзување, односно - шнирање. 

Тоа ја поттикна креативноста на социјалните мрежи, па некои се пошегуваа дека носи корсет на глава, или дека има „патика фризура“.

Но, генерално, многумина се воодушевија од нејзиниот комплетен изглед, а ваквото решение за косата го сметаат за апсолутен хит на вечерта, зад кое се потпишува фризерот Фредерик Аспирас.

 И пејачката беше задоволна од тоа како изгледа, па на својот Инстаграм профил се пофали со неколку фотографии:

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onJan 28, 2018 at 3:04pm PST

 

A post shared by Lady Gaga (@ladygaga) onJan 28, 2018 at 3:07pm PST

 

Како ви се допаѓа Вам?

Објавено:
29 јануари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.065 пати