Фризурата што ја обожуваат сите!

11 декември 2015

Во пресрет на новогодишните празници и забавите во изобилство, вистинско време е да ви ја презентираме фризурата на сезоната што ја обожуваат сите.

Откако Кендал Џенер се појави со истата на една забава неодамна, девојките полудеа по фризурата која впрочем се прави многу лесно и брзо.

Олеснителна околност е секако доколку имате шишки, но и да немате, истите се прават многу брзо и лесно.

Подолу во текстот можете да погледнете еден одличен едиторијал на слатка девојка која во неколку чекори објаснува како на најлесен начин до „лажни“ шишки и супер пунџа.

Кога ќе погледнеме наназад, оваа фризура и не е така нова, со оглед на фактот што пред неколку години Ријана се појави на премиерата на еден филм токму со вакви шишки, а неколку месеци подоцна истото го направи и актерката Дајана Агрон која изгледа прекрасно.

Истата е одличен избор доколку сакате да внесете малку свежина во вашиот изглед, а доколку сакате вистинска промена, зимата е одлично време да си направите и вистински шишки!

Објавено:
11 декември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
4.369 пати