Giardino Benessere – Парфеми со поинаква моќ

20 ноември 2017

Tiziana Terenzi не се обични парфеми, туку емоција, авантура низ чувствата и спомените. Инспирацијата за нивното создавања секогаш доаѓа од различните животни искуства, патувањата и емоциите. Овие ексклузивни парфеми ја користат целата своја моќ за да ги разбудат емоциите и да го предизвикаат максималното уживање во моментот и животот.

Giardino Benessere Eau de Parfum  е една од најбараните и најпознатите колекции на Tiziana Terenzi парфемите. Тие презенентираат нов концепт за шик луксузност, но притоа акцентирајќи ги вредностите на природата. Целта е создавање на парфеми што нема само да се „носат“ туку и ќе живеат со секој нов здив.

Колекцијата содржи осум парфеми, а секој од нив носи посебна приказна, обединета со превезот на позитивни емоции, совршени за различни пригоди.

Giardino Benessere колекцијата нуди нови патишта на дизајнот кога е оваа гранка во прашање. Секој од парфемите носи нишка на интимност, индивидуалност и префинета естетика, но истовремено и широка палета на „мирисни бои“, со што ви помага во изборот да го одберете оној што најдобро ве претставува вас, вашиот карактер, расположение, естетски сензибилитет.

А во продолжение погледнете и кои се тие:

White Musk – релаксирачка и освежувачка есенција, идеална за луѓето што се во потрага по внатрешниот мир.


Cotton Flower – арома која се препорачува за подобрување на бистрината во животот, ослободување од тагата и ја стимулира интуицијата и креативните идеи.

The Bianco – мирис со одлични освежувачки и окрепувачки состојки, идеален после физички активности, благодарение на цитрусните ноти и чајот од кои се состои. Одличен и за концетрација при учење или работење.

Amber – одличен при медитација, помага за релаксација при емотивна напнатост и постигнување на чувство на хармонија.

Tuberose – цветна нота која ќе ви помогне да се ослободите од негативноста и ќе го поттикне оптимизмот.

Sandalo&Mira – екстракт од скапи и регенерирачки есенции. Се смета за афродизијак.

Pompei Garden – Инспирацијата за овој парфем доаѓа од една италијанска градина во областа Помпеја. Медитеранско чувство, богато со цветни и овошни мириси. Структурата се заснова на мека линија на мошус и кедрово дрво, а со цел да ви го пренесе во уживањето во градината. Почувствувајте го летното ветре во доцните попладневни часови.

Rosa Dorotea – Овој мирис е инспириран од чувството на суптилно задоволство, врежано во сеќавањето и розите од градината каде што создавачите на парфемот си играле како деца.  „Розите во нашата градина расцветуваа во мај и го збогатуваа пролетниот воздух со мирисот, кој пак нè носеше во егзотични места, како на пример Кина, татковитната на чајот од роза“, велат од брендот.

Чајот од роза е токму една од главните состојки на парфемот, во комбинација со зелен чај, магнолија, ирис и овошни ноти, што нуди свежина.

 

*спонзорирана објава ИТ Козметикс

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
209 пати