Го замолив сопругот да напише што мисли за моето тело после породувањето...

9 ноември 2019

Блогерката Хајли Гарнет е мајка на три деца, а својот Инстаграм профил го користи за да им помогне на сите жени да го прифатат својот нов изглед и тело после породувањето.

Сепак, таа потенцира дека тој процес не е воопшто лесен. За магазинот „Тудеј“ открива дека пред да стане мајка се борела со пореметување во исхраната. Сега кога има син и две ќерки близначки, го слави телото и сè она што придонело за да може да се чувствува добро во својата кожа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by h a y l e y. g a r n e t t (@th3littlestavenger) onMay 8, 2019 at 11:21am PDT

 „Водев борба со орторексија, пореметување кое во фокус ја става опсесијата со здрава храна. Токму поради тоа не можев да забременам, па морав да ја сменам исхраната, по што дојде и бременоста. Во текот на двете бремености бев згрозена како моето тело се менува, бидејќи бев навикната да бидам слаба. Но, после породувањето, животот ми беше сосема поинаков. Имав многу други работи на кои можев да се фокусирам, радувам и да бидам благодарна“, вели блогерката. 

Како и голем број од мајките и таа се борела со стрии, опуштена кожа. Но, наместо да се посвети на желбата тие промени да исчезнат, таа одлучила да ги прифати... И на инстаграм ги споделува фотографиите од поспородилниот стомак.

„Гледам дамки, кожа, масно тквио. Но, сè што гледам сум ЈАС. Цела личност. И повеќе не се кријам. Не носам широка облека само за да ги сокријам деловите од телото од кои се срамам. Не размислувам опсесивно кој ден во циклусот кои панталони да ги облечам, бидејќи сум подуена. Јадам колач ако сакам. А знаете што е најдобро од сè? Конечно си дозволувам да живеам во моментот. Да се сакам себеси сега и тука“, објаснува Хејли.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by h a y l e y. g a r n e t t (@th3littlestavenger) onAug 13, 2019 at 11:30am PDT

 Заедно со една фотографија од стомакот, на социјалните мрежи ја сподели и пораката која нејзиниот сопруг ја напишал за нејзиното тело после породувањето, а гласи вака:

„Хејли ме замоли да напишам нешто за нејзиното постпородилно тело. Мислев дека ќе е лесно, но тогаш почнав да размислува - за што воопшто да пишувам? Секако, изгледа поинаку и чувството е малку поинакво, но генерално гледано, ништо не се променило. Причината поради која се вљубив во неа нема никаква врска со деловите од нејзиното тело кои се смениле после породувањето.

Сè уште ја има истата прекрасна насмевка, одлучност, неверојатно тело и силна работна етика како и девојката во која се вљубив пред 15 години. Сè уште ја има истата смисла за хумор, сè уште мириса одлично. Нејзиното постпородилно тело изгледа малку поинаку, но зошто тоа би било фактор во мојот живот?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by h a y l e y. g a r n e t t (@th3littlestavenger) onOct 2, 2019 at 11:32am PDT

 Меката кожа околу нејзиниот стомак 18 месеци ги носела моите три најдобри пријатели. Лузните ја покажуваат силата која била потребна да се носат две прекрасни девојчиња кои ќе ги одгледува оваа супер мама. Не се промени ништо што би ја променило мојата љубов кон мојата жена.

Ми се восхитуваат бидејќи сум “супер маж“, но тоа е бесмислица. Тоа што ја сакам својата жена поради тоа што е, со сите несовршености е буквално минимум што правам. Несовршеностите го прават светот забавен. Кога се би било совршено како во светот на барбитките, ќе почнеме да се досадуваме нели? Како инаку би покажале низ што би поминале во животот, било да имаме тетоважа поради која се каеме, лузни, операции, глупави влакненца на лице или постопродилен стомак? Искрено, на кого му е гајле?

Бидете добри едни кон други. Учете од грешките, сопствените и туѓите. Помагајте им на оние во неволја и престанете да се жалите како изгледате. Мојата жена не е совршена и поради тоа ја сакам. Затоа сите вие и го читате ова. Кога би била совршена, никој не би можел да се поистовети со неа. А на мажите кои не ја делат својата одговорност околу менување пелени, готвење, чистење и зборување на своите жени како се убави - вклучете се во играта конечно. Вие сте тим. Така што... требаше да пишувам за стомакот, но искрено, тоа толку малку влијае на мене, што почнав да пишувам за сè друго“, порача нејзиниот сопруг.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by h a y l e y. g a r n e t t (@th3littlestavenger) onAug 23, 2019 at 11:21am PDT

 

Објавено:
9 ноември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
777 пати