Грешки при користење на пеглата за коса

19 август 2013

Користењето на пеглата за коса на некој од нас ни стана сосема вообичаена навика. Но, иако дел од вас се сметаат за стручни за пеглање коса, не значи дека не прават грешка и ја оштетуваат косата.

Еве ги најчестите грешки што треба да ги избегнувате.

Пеглате додека косата е се уште влажна

peglanje 1

Иако постојат посебни пегли за исправање на влажната коса, поголемиот број стручњаци за коса нема да ги препорачаат. А уште поголем „грев“ е користењето на обчина пегла на коса, која е мокра или влажна. Прерд да се фатите за пеглата, исушете ја косата и почекајте макар пет минути пред да почнете со пеглањето. Вашата коса мора да биде 100 проценти сува, инаку ќе завршите со оштетена коса и наелектризирана.

Заборавате да користите заштитен спреј

Пред користење на топлината на коса, за да ја заштитите, потребно е да користите средства ( спреј, серум, масло...) кои се специјално наменети за заштита од топлината. Без тоа, косата со текот на времето ќе се оштети, и нема да го има природниот и здрав сјај што сите го сакаме.

Пеглата ја ставате на максимална топлина

Поголемиот број пегли за коса денес имаат копче со кое можете да ја подесувате топлината. Избегнувајте да ја ставате на максималната топлина, затоа што од преголема жештина влакното ќе стане слабо, врвовите ќе ви испукаат и косата ќе ви биде оштетена. Ако имате оштетена, бојадисана или тенка коса, пожелна е пониска температура (на пример 180ºC од 230ºC)

Неколку пати пеглате ист прамен, или предолго ја држите пеглата

Еден ист прамен немојте да го изложувате неколку пати на топлина. Секој прамен што е можно повеќе израмнете го пред пеглањето со обична четка, а потоа поминете го со пегла. Направете го тоа со рамномерен, лесен потег. Немојте да запрете и па да продолжувате, затоа што можат да ви се забележат хоризонтални линии на праменот. Пеглањето правете го бавно, но не пребавно - не ја држете пеглата на едно место повеќе од неколку секунди. Колку подолго држите, тоа повеќе ја оштетувате косата и ја извлекувате влагата од влакната - а никој не сака сува коса како слама.

peglanje 2

Користите премногу дебели прамени коса

Не користете прамени со премногу коса, затоа што во тој случај, топлината на пеглата нема рамномерно да се распредели и добро да го испегла праменот. Со тоа подолго ја држите пеглата и правите уште една грешна.

Мислите дека поголемо е подобро

Со големите и прешироки пегли, односно со пегла со прешироки плочки, потешко е да дојдете поблиску до коренот на влакното, а токму тоа е местото каде што косата е највиткана. Одберете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.

Пеглајте рамно надолу

Наместо да пеглате сосема рамно, паралелно со лицето, пеглата движете ја обликот на буквата С, како одите кон врвовите на косата.

Објавено:
19 август 2013
Категорија: 
Убавина