Хали Бери предлага едноставна вежба со чинии за стегнат задник

13 јуни 2018

Популарната холивудска актерка Хали Бери е доказ дека и во 50 - тите години можете да бидете супер згодни и фит со едноставни вежби и здрава исхрана.

Вежбите кои и се секојдневие, таа често ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил, а неодамна сподели и уште една кратка, но ефикасна вежба која често ја практикува дома.

За оваа вежба единствено ви се потребни две хартиени чинии и секако, желба за вежбање.

„Денеска е ден за забава. Ќе ви покажам една вежба која можете да ја правите дома. Ако немате дискови за вежбање, ќе ви послужат и две картонски чинии“, рече актерката во видеото, по што почна со презентирање на вежбата.

Холивудската актерка оваа вежба ја нарече slide runners, а се состои во тоа што треба да застанете со нозете на чиниите, а дланките да ги поставите на под како на фотографијата.

Она што следно треба да го направите е наизменично да ги лизгате нозете напред – назад, а оваа вежба ги активира стомачните мускули, но ги обликува и нозете и задникот.

Вежбата можете да ја правите на под, на килим, но и на трева, во вашиот двор. Актерката препорачиува да направите од три до пет серии со по 25 до 50 повторувања, за истата да има ефект.

Фото: Instagram

Извор: Zena.blic.rs

Објавено:
13 јуни 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.066 пати