Хелен Мирен го покажа лицето без шминка

7 март 2018

Хелен Мирен (72)  важи за една од омилените актерки во Холивуд. Каде и да се појави е дама во вистинска смисла на зборот, а за актерските способност говорат и бројните остварувања и награди што ги има зад себе.

На црвениот килим на Оскарите во неделата, се појави во едноставна тоалета во синa нијанса, креација на дизајнерката Рим Акра.

Некои таквиот изглед го пофалија, некои сметаа дека имала и далеку подобри изданија. Во секој случај, сите се согласија во тоа дека има став кој секогаш ќе доминира, без разлика што носи.

И покрај тоа, таа во интервју за „Алур“ призна дека не секогаш ја имала самодовербата со која зрачи сега. На тој текст ве потсетуваме ТУКА.

Но, после Оскарите на својот Инстаграм профил објави фотографија каде нема воопшто шминка и каде секоја шанса за несигурност ја отфрла. Малку потоа, објави уште една фотографија, каде е  нашминкана и подготвена за гламурозната ноќ.

 

A post shared by @helenmirren onMar 6, 2018 at 2:57pm PST

 

 

A post shared by @helenmirren onMar 6, 2018 at 3:00pm PST

 

Коментарите беа најразлични од тоа дека изгледа многу постаро одошто ја замислувале, до тоа дека е прекрасна и старее достоинствено.

Каков е вашиот впечаток?

Објавено:
7 март 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
689 пати