Herbalife Nutrition: Со здрава исхрана против модерните болести

20 ноември 2019

Во очи јубилејниот 40-ти роденден, светската, водечка компанија за здрава храна Herbalife Nutrition, во понеделникот организираше два свечени настани во хотелот „Мериот".

Дневниот настан кој беше отворен за новинарите беше посветен на темите: здравиот начин на живот во денешното брзо време, како и на глобалната иницијатива Nutrition for Zero Hunger. Водител на овој едукативен настан беше почитуваната Билјана Дебарлијева, а во рамките на настанот како гости предавачи свое излагање имаа новиот директорот на Herbalife Nutrition одговорен за регионот на Југоисточна Европа, г. Горан Николиќ и др. Јонатан Јаром, спортски лекар и медицински директор на Медикс - Центарот за спортска медицина во рамките на олимпискиот комплекс во Тел Авив.

Горан Николиќ зборуваше за начелата на компанијата, како и за нејзината мисија и визија во исхраната.
„Следната година го славиме 40-от роденден на компанијата, како и нејзината визија за поздрав живот. Компанијата Herbalife Nutrition е присутна во преку 94 земји во светот, имаме повеќе од 8000 вработени луѓе во компанијата, со годишен обрт од приближно 5 билиони долари, покрај производите за исхрана произведуваме и суплементи за спортисти, како и производи за нега на кожа, а тоа е нешто на што навистина треба да сме горди. Исто така, имаме околу 3000 вработени научници, многу од нив се светски признати во своите области, кои ни помагаат во развојот на нашите производи и кои се грижат за тоа сѐ што ќе излезе од нашата компанија биде 100% сигурно и 100% високо квалитетно. Кога веќе сме кај квалитетот- една од најважните работи во компанијата, имаме агенда која се вика "from seed to feed", а тоа значи дека сѐ што се сади се проверува од семе, па до крајниот производ и тоа низ сите фази на изработка, како сѐ би било складно со нашата мисија."

За недостатокот од правилна исхрана, болестите на модерното време, дебелината и проблемите што ги носи со себе, зборуваше др. Јаром.

„Дефиниција за здравје е отсутност на болести. Не е сѐ во генетиката, иако сите ние имаме тенденција да ја кривиме токму неа за нашите проблеми. Кај многу мал број луѓе, генетиката влијае на одредени проблеми, но генерално кажано нејзиното влијание е само 30 %, така 15 % влијание има социјалната средина... Еден од најголемите непријатели е прекумерната телесна тежина, половина Европа е со покачена тежина, а дури 8 % е со прекумерна тежина која се вбројува под болест... Дебелината со себе носи и „список" на 26 болести кои можат да не убијат... Двете работи кои најмногу се поврзани со прекумерната телесна тежина се недостатокот од физичка активност и лошиот начин на исхрана, 25 % физичка активност и 75 % исхрана... Доколку секојдневно внесуваме само 70 калории повеќе од она што му е потребно на нашиот организам, за 30 години ќе накачиме 15 килограми...."

Покрај проблемот со зголемена телесна тежина, како и проблемите што ги носи со себе, доктор Јаром зборуваше и ја презентираше спортската линија производи Herbalife 24.

Завршен збор како гостин-предавач имаше г. Николиќ, кој што потсети на општествената одговорност на компанијата и зборуваше за глобалната кампања Nutriton for Zero Hunger.

Компанијата Herbalife Nutrition во соработка со Feed the children ја покренаа оваа глобална иницијатива, со која заложија 2 милиони долари наменети за борбата против гладот во светот, како би овозможиле достапност на добра храна, и за борбата против сѐ поголемиот пораст на телесна тежина. Иницијативата, со помош на непрофитни партнери, ќе се фокусира на обезбедување пристап до здрава храна, подобрување на едукацијата за исхрана, откривање одржливи ресурси на храна и на подигнување на свеста за глобалната криза.

„Иницијативата „Nutrition for Zero Hunger" работи на клучни пандемични проблеми и се надеваме дека преку соработката со нашите партнери, ќе изградиме свет во кој секој ќе има пристап до квалитетна храна и исхрана."

Со помош на љубезниот персонал од хотел Мериот, како и на бендот New Indigo, после едукативниот дел следеше забавен дел и коктел од здрави напитоци и здрава храна.

На вечерниот настан насловен како Open Day со доктор Јонатан Јаром, член на советодавниот одбор на Herbalife Nutrition, кој беше во организација на независните членови на Herbalife Nutrition Северна Македонија, присуствуваа голем број учесници, меѓу кои и познати личности. Вечерната програма ја водеа шармантните Кармен Михајлоска и Бранислав Калеовски. Доктор Јонатан Јаром имаше подолго излагање за здравјето, освртувајќи се на позитивниот бенефит на производите на Herbalife Nutrition врз човечкиот организам, зборуваше и за тоа како можеме да му помогнеме на нашиот организам да се избори со стресот, падот на енергија и слични проблеми во текот на денот, како и на кој начин да си го трансформираме телото и да му помогнеме да функционира подобро. Бевме сведоци и на физичките трансформации кај дел од присутните гости кои ги користат производите на Herbalife Nutrition и ги чувме нивните позитивни искуства. Во текот на вечерта гостите уживаа во дегустацијата на добропознатите шејкови на Herbalife Nutrition, придружувана со музика во живо изведена од страна на DJ Катерина Чедомирски и Љупчо Чедомирски Sax, како и во наградната игра.

За Herbalife Nutrition
Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чијашто цел е светот да го направи поздрав и посреќен. Компанијата е на мисија за исхрана – им го менува животот на луѓето со одлични нутриционистички производи и програми уште од 1980 г. „Заедно со нашите Herbalife Nutrition Независни дистрибутери, посветени сме да обезбедуваме решенија за неправилната исхрана и претераната дебелина, брзото стареење и огромните трошоци за јавно здравство, а истовремено им нудиме деловна можност на претприемачи од сите возрасти". Herbalife Nutrition нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, од кои повеќето се произведуваат во објекти на компанијата, индивидуализирана обука со Независен Дистрибутер на Herbalife Nutrition и поддршка од заедница што ги инспирира клиентите да водат поздрав, поактивен начин.

Преку своите заложби за корпоративна општествена одговорност, Herbalife Nutrition ја подржува Herbalife Nutrition Foundation (HNF) и нејзините Casa Herbalife програми и помага на децата од ранливи категории да им се обезбеди здрава исхрана. Herbalife Nutrition се гордее што е спонзор и на повеќе од 200 врвни светски спортисти, тимови и настани во целиот свет.

*Комерцијален текст

Објавено:
20 ноември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
731 пати
Тагови: 
Herbalife Nutrition