Инспирација: Патриција има 82 години и четири пати неделно вежба пилатес

2 февруари 2018

Патриција Барбер има 82 години и работи како модел и се појавува во списанијата за возрасни во Австралија. Нејзината приказна е мотивирачка и инспиративна.

Таа е вљубеник во модата, а последните години одлучува да се поврзе повторно со облеката што ја носела во младоста.

„Отсекогаш сум им зборела на своите три ќерки дека има многу убава облека за млади жени, но ништо привлечно за возрасните дами. Тоа ми пречеше многу, бидејќи јас ја сакам облеката“, вели Патриција за магазинот „Тудеј“.

Кога ги прашала ќерките за тоа дали да се пријави да биде модел, тие нејзината идеја ја прифатиле со воодушевѕување.

Сега е член на агенцијата „Silverfox MGMT“, прва агенција во Австралија со модели над 30 години.

Верувале или не, оваа мајка на четири деца (освен трите ќерки има и син), е една од најбараните модели на ангецијата. Ја бараат за сè, од модел за спортска облека, преку лежерна, до колекции за свечена гардероба.

Ентузијазмот на Патриција ја предизвикал и нејзината ќерка Џони Хобсон да ѝ се придружи.

„Прекрасна е, нели? И многу добро се забавува. Инспирира и те мотивира да останеш фит и здрав. И токму затоа и изгледа вака и активна е и покрај фактот дека наскоро ќе полни 83 години.

Инаку, Патриција секој ден го започнува со зелен џус, а оди и на пилатес и тоа четири пати неделно. Својот дух и тело ги одржува и така што се грижи за градината.

„Патриција има повеќе енергија од нашите модели кои имаат далеку помалку години. Ова е совршен пример за некој што го сака тоа што го прави и за кој годините се само број“, велат од агенцијата.

А што вели Патриција?

„Неверојатно е! Уживам во секоја минута на оваа работа. Гламурозна е и многу се забавувам!

Објавено:
2 февруари 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
792 пати
Извор: 
daily mail