Ирина Шајк во ретро-гламурозно издание за АВОН

29 септември 2015

Сензуалната Ирина Шајк го достигнува зенитот на својата женственост во новата кампања во соработка со козметичкиот бренд АВОН.

Како ретро-гламурозна дива, таа го рекламира парфемот „Rare Gold" пред фотообјективот на Бруно Дајан.

Црвениот кармин и брановидната фризура само го надополнуваат нејзиниот гламурозен изглед, што соодветствува и на пораката што ја испраќа луксузното шишенце парфем полно со сензуални мириси.

Инаку неодамна, македонското претставништво на АВОН го прослави својот јубилеен, 10-ти роденден во пријатен амбиент каде покрај нивните пријатели и соработници, присуствуваше и актуелното заштитно лице на компанијата, нашата пејачка Каролина Гочева.

Објавено:
29 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.033 пати