JLove - новиот парфем на Џенифер Лопез

31 август 2013

"JLove"е новиот парфем на Џенифер Лопез кој официјално ќе биде пуштен во продажба во октомври оваа година и со тоа ѕвездата ја заокружува дваесеттата едиција на парфем со нејзин потпис. Своето деби во индустријата на парфеми оваа дива ја имаше во 2002 година со лансирањето на парфемот “Glow”, кој се беше најпродаван и достигна заработувачка од 100 милиони долари, во првата година.

 

 

„Кога го направив својот прв парфем “Glow”,не мислев дека ќе прерасне во најубавиот и најпродаван парфем. Затоа сега се замислив за овој кој е мојот дваесетти парфем по ред. Како обележје на оваа симболична бројка мојата порака со лансирањето на овој парфем е сите да се сакаме, љубовта е најважна од се, треба секому да ја пружаме, дали преку музиката или филмовите, не е важно. Затоа и името му е "JLove" и тоа е подарок од мене за моите верни обожаватели“, изјави пејачката.

 

 

Парфемот е комбинација од овошни и цветни ноти. Спојот на малина, замрзнат ананас, розов грејпфрут и мандарина се чувствува низ целиот состав. Срцевината е обвиткана со есенции на кокос, орхидеи, мирис на крин, ванила, бело дрво и мошус.

Според 44-годишната актерка, новиот парфем е гламурозен и секси. Џенифер исто така заклучи дека во состојките на нејзините парфеми секогаш мора да има мошус.

 

 

„Јас отсекогаш  ги обожавав нотите на мошус, и сметам дека токму таа есенција прави жените да се чувствуваат неверојатно секси, привлечно и гламурозно“, изјави Лопез.

Парфемот "JLove"ќе се продава во две верзии, едната ќе чини 39 долари, а другиот 49, и ќе го има ексклузивно само во продавниците на Kohl's.

 

 

Објавено:
31 август 2013
Категорија: 
Убавина