Како да ги лакираме ноктите оваа есен?

24 октомври 2019

Ако размислувате да смените нешто во својот изглед, можете да почнете и од ноктите. Како и секоја сезона, постојат бои што се поактуелни, а ние ќе ви ги презентираме во продолжение:

Зелени тонови

Со зелените тонови пркосете ѝ на природата во есен. Не е важно дали ќе се одлучите за сјај или мат варијанта, зелените нокти се „ин“ оваа сезона, па доколку досега не сте пробале, обдете се. Изгледаат луксузно. 

Есенски тонови

Нијансите на карамела и есенски лисја се непогрешлив избор за актуелните месеци. Ако со зелената ѝ пркосите на природата, со овие нијанси ќе се стопите со неа. Можете да ги комбинирате со златни и зелени нијанси како на сликата и да измамите погледи.

Виолетови тонови

Од пастелно виолетови, до темновиолетови, овие тонови оваа есен се меѓу најпопуларните. Ако сакате да внесете доза луксуз во вашиот изглед, во тоа може да ви помогнат и овие нијанси. Исто така, како на фотографијата, можете да си поиграте со различни нијанси и текстури.

 

Златен сјај

И од досегашните примери сфативте дека металик тоновите се апсолутно застапени и оваа сезона. Златните посебно. Асоцираат на есен, а супер инвестиција се за претстојниот празничен период. Со светки или само со металик сјај, не е важно, изборот е ваш. Важно е рацете да „блеснат“.

Жолта

Уште една топла боја, која сепак ќе ве направи повпечатливи. Дури и да е смирена нијанса, жолтата е боја што не може да не ја забележите. Па, доколку токму тоа е вашата цел, не двоумете се. Со оглед на тоа дека нè асоцира на сонце, понесете го и во периодот кога ќе почне да ни се заскрива.

 

Црвени тонови

Овие тонови се дел од сите трендови. Класика која секогаш може да ви го олесни изборот кога се двоумите. Есенва им даваме предност на потемните, вино нијанси, но не значи дека не може да се одлучите за богата црвена нијанса. 

За крај, без разлика за која нијанса од понудените ќе се одлучите, важно е ноктите да бидат негувани, во спротивно, ниту еден тренд нема да изгледа добро, ниту пак ќе го постигнете изгледот на дама кон кон можеби се стремите. 

Објавено:
24 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.256 пати