Како да го одберете вистинскиот салон за убавина

12 октомври 2013

 

 

Без разлика дали често го менувате местото на живеење, од едно маало во друго, или од еден град во друг, секако едно нешто без кое речиси секоја жена која се грижи за себе и ја негува својата убавина, не може е барем еднаш месечно да посети салон за убавина. Изборот е навистина голем, па прашањето кое  се наметнува е кој е вистинскиот? Вистинскиот од аспект на тоа да нуди услуги кои и се потребни на една жена за да изгледа негувано, но и тоа да не чини многу. Еве неколку совети и идеи како правилно да го одберете идеалниот салон за убавина.

 

 

Како да го одберете вистинскиот фризерски салон

Консултирајте се со вашите пријателки и колешки

Дали забележавте во последно време дека некоја ваша колешка  или пријателка има нова фризура која супер и стои. Не седете со скрстени раце пофалете го нејзниот нов стајлинг, фрлете некој комплимент и прашајте ја каде ја средува нејзината коса. Сигурно со задоволство ќе ви открие кое е името на стилистот и салонот кој се грижи за нејзината фризура, а вие ќе имате информација која со сигурност ќе ви користи.

 

 

Направете листа

Веројатно добивте неколку опции од различни луѓе со кои се консултиравте, па следниот чекор е да направите селекција на информациите и понудите кои добивте. Бидете внимателни во изборот за да не направите грешка поради која потоа ќе се каете, но дури и да е така ќе имате искуство плус, затоа не се разочарувајте.

 

 

Направете неколку повици

Откако ја направивте вашата листа на салони, наредно нешто кое треба да го направите е да почнете да се јавувате. Така најлесно може да добиете информации дали ценовникот одговара на вашиот буџет.

 

 

Закажете состанок

Ако ви одговара локацијата, ви се допаѓа атмосферата и советите кои ги добивте од претходниот разговор со стилистот, тогаш дефинитивно следниот чекор е да закажете термин и вашиот makeover може да почне. На крајот останува финалниот производ, односно вашиот изглед, од кој се надеваме ќе бидете задоволни.

 

 

Како да го одберете вистинскиот салон за маникир

Прво нешто во кое треба да се уверите е хигиената на салонот, односно просторијата каде ги негувате вашите нокти. Тоа значи дека и вие и вашиот техничар треба да ги миете рацете и ноктите пред да почнете со работа. Исто така треба да бидете сигурни дека крпата, масата и инструментите се чисти и дезинфицирани, бидејќи во спротивно можете да закачите некоја инфекција, која може да биде фатална не само за вашите нокти и раце туку и за здравјето.

 

 

Истот така клучна информација со која треба да бидете запознаени што е вклучено во цената на услугата. Некои салони можат да ви обезбедат all-inclusive услуга, а некои половична, а вас тоа ви е особено важно. Не се срамете да прашате и за квалитетот на производите, должност на вработените е да бидат запознаени  со перформансите на производите кои ги користат, така да екстра информација не е на одмет. Можеби во иднина ќе можете и сами да си ги одржувате ноктите и да си креирате вашиот интересен маникир.

 

 

 

Објавено:
12 октомври 2013
Категорија: 
Убавина