Како да изгледате 10 години помлади

12 јули 2016

Секогаш сакаме да изгледаме подобро, помладо, а во продолжение презентираме неколку совети од врвни стручњаци како тоа да може да го постигнеме.

Стегната насмевка

Со  јадењето, пиењето, смеењето  доаѓа до трошење на предните заби и со тек на време стануваат пократки. Задолжително посетувајте забар и освежете ја вашата насмевка.

 

Користете ја шминката правилно

Со моливчето за уста, малку над работ од усните исцртајте ја линијата. На тој начин ќе добиете ефект на полни усни. Користите светли тонови на кармин. Држете се подалеку од вамп изгледот, кармини со боја на слива, вино. Светлиот кармин ќе ве направи посвежи.

 

Млитава и опуштена кожа

Околу зглобовите кожата се опушта и се набира. Постои вежба со која ќе го подобрите изгледот на вашите колена и тоа додека седите на вашето работно место. Кога седите на столчето испружете ја десната нога и потпрете ја петата на под, а стапалото го исправате со прстите насочени кон таванот. Задржувате една или две секунди и тоа го повторувате 10 до 15 пати. Еднаш дневно е сосема доволно.

 

Опуштени ушни школки

Ако сте носеле долго време тешки обетки, тоа секако не било добро за вашите уши. Со теке на време тие станале растегливи и тенки. Дури и ако сте носеле малку полесни и диксретни обетки, еластичните влакна на кожата слабеат. Време е да одберете мала форма со ситни каменчиња, бисерче, седеф. Малку  елеганција и минимализам никогаш не е на одмет.

 

Каде исчезнаа густите трепки и веѓи?

Тоа препишете го на фактот дека со текот на годините сѐ помалку се лачи хормонот кој е причина да се намалат влакната на вашето тело. Не чупајте се сами, оставете стручно лице да ги обликува вашите веѓи и да ве научи како да ги одржувате. Може да им додадете малку боја и тоа нијанса посветла од вашата природна боја на веѓите. Не повлекувајте строги црти, туку со меки потези работете со четкичата и на тој начин ќе ја распоредите бојата. Набавете си производи за нега на трепките. Тие се нанесуваат под маскарата и служат да ги направат погусти. Ќе почнете да си купувате маскара за волумен. Првиот слој го нанаесувате од коренот кон врвовите, со тоа што четкитчката ја движите лево-десно. Оставете 15 секунди да се исушат и нанесете втор слој.

 

Суви лактови

Еластичноста со тек на време се малува и од вашите меки лактови се создаваат кругови полни со бори, кожата станува тврда, темна, затоа што се собираат слоеви на мртва и сува кожа. Правете добар пилинг, на тој начин го поттикнувате колагенот. Ќе си побарате лосион кој содржи гликолна киселина, витамин А или алфа хидрокси киселина. Почнете да носите кимоно ракави.

 

Тенок слој на вратот

На вашиот врат со тек на време се појавуваат вертикални напрегнувања.Тоа се случува затоа што кожата ја губи еластичноста и нема масно ткиво кое ќе го обвитка вратот. Користите маслиново масло за чистење на кожата и многу хидратантна крема.

 

Пуштете коса

Не постои такво правило да носите кратка коса само затоа што сте стигнале до одреден број на години. Обидете се со степен и шатирани прамени.

 

Градите веќе не се тоа што биле

Хормоналните промени и губењето на еластичноста на кожата се причини зошто градите ве изневеруваат. Доењето, губењето на тежина, како и изложувањето на сонце  може само уште повеќе да ја влошат состојбата. Затегнувајте ги ластичињата на вашиот градник и на тој начин ќе ви биде многу поудобно. Застанете пред огледало, свиткајте ги лактовите под агол од 90 степени, вашите гради би требало да бидат на пола пат помеѓу рамениците и лактовите.

Кога треба да изберете број на градник, макар еднаш посоветувајте се со стручњак и нека ви каже тој кој е најдобар модел и број за вас. Ако тежината ви се менува, тогаш почесто барајте совети. Купувајте градник кој ќе ви ги подигне градите и тоа оние модели со корпи, што ќе ги обликува.

 

Негувајте го вашето деколте

Заштитете ја вашата нежна кожа со заштитен фактор 15 и секако крема која содржи антиоксиданс и витамин Ц.


Проверете го вашиот плакар

Здолништата и фустаните над колена прилегаат речиси на сите градби на тело. Добра опција се и капри панталоните со рамен крој.

 

Испукани петици

Со години сте ги малтретирале вашите нозе во тесни чевли. Исто така, ги губите масните перничиња на стапалата и не е чудо што имате гребливи стапала. Пилингот е задолжителен и секако користењето на камен после туширање. Секоја втора недела измешајте сол, маслиново масло, вода и густа паста. Масирајте ги стапалата и намачкајте ги со хидратантна крема. Изберете добар број, со текот на годините вашата нога се шири и чевлите кои ги имате веќе ви се премали.

 

Заштитен фактор најмалку 15

Редовно користете креми за сончање. И тоа не само во најжешките денови, туку речиси секогаш, дури и во зима кога има сончеви зраци. Кожата со годините станува сè почувствителна.


Не ставајте големи прстени

Прстените заменете ги со богати и раскошни алки. Лакот мора да е во светла нијанса.

 

Објавено:
12 јули 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.967 пати