Нема ништо поубаво од чувството на слобода во топлите летни месеци, а тоа чувство можете да го постигнете многу лесно.

Доколку сезонава сакате да направите некоја промена, почнете од косата, бидете храбри и скратете ја.

Со малку труд, сезонава можете да ја имате најпосакуваната фризура за која се одлучија популарните пејачки, модели и актерки.

Стилизирањето на кратката коса понекогаш може да биде предизвик, но бидете сигурни дека истото ќе ви се исплати и ќе бидете супер впечатливи.

Со оваа фризура, ќе уживате во топлите денови без ништо да ви пречи, а секогаш ќе изгледате дотерано и лежерно.

На овој начин, малку и ќе ја одморите косата од секојдневните репчиња и пунџи кои дефинитивно се најлесниот избор за секојдневните обврски.

Ако решите да ја скратите косата, бидете сигурни дека постојат супер фризури и за овој обли, а плетенките се дефинитивно едни од најпосакуваните ако некогаш се уморите од пуштената коса.

Фатете само половина дел од косата и врзете ја во мини пунџа за некоја свечена пригода или пак направете неодоливи бранови и уживајте во летото!

Во галеријата погледнете неколку идеи доколку се решите на ваков чекор наскоро.

Инфо и фото: Modamo.info

Објавено:
25 јули 2018
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.574 пати