Како да не „грицкате“ помеѓу оброци

26 септември 2015

Секој од нас се нашол во ситуација помеѓу оброците да „грицка" разни вкусни работи. На поминување во кујна, или дневна или било каде што стои нешто што ни изгледа примамливо, неосетно ќе се почестиме со чипс, крекери, ресани, чоколади, бисквити, соленки, кикирики... и тоа повеќе пати во денот.

На тој начин само се залажуваме, а и доколку се бориме со килограмите или сакаме да го подобриме изгледот, си правиме контра-услуга.

Во продолжение следат неколку совети кои можеби ќе ви помогнат да се одвикнете од оваа навика и да работите на вашата цел без пречки.

Јадете на време и добро

Секогаш е потребно во оброкот да биде вклучен адекватен размер на протеини, јаглехидрати и здрави маснотии, заедно со витамини, минерали... Но, важно е и да јадеме кога сме гладни. Не дозволувајте да „прегладните", затоа што нискиот шеќер во крвта ќе бара побрза сатисфакција, на пример во облик на едноставен шеќер како чоколадото. Мисла водилка нека ви бидат пет оброци дневно – 3 конкретни и 2 помали.

Забавете

За време на оброкот сфатете кога точно сте сити. Јадете побавно и дозволете му на шеќерот од храната да стигне до вашиот крвоток, кој ќе ви сигнализира кога телото ви е сито.

Измијте ги забите после оброк

Овој мал трик навистина функционира. После оброкот, измијте ги забите и нема да имате потреба да јадете уште. Впрочем, храната веднаш после миењето на забите и нема многу добар вкус. Дури ни благото што го јадете после ручек.

Не избегнувајте ја брокулата

Во оброкот секогаш вклучете ја здравата храна која не ви е баш највкусна. Совршено вкусниот оброк е најлесен за јадење и тоа го правиме во неколку минути. Но, кога во тањирот ќе ставите и нешто зелено (како брокула, боранија, грашок) што не спаѓа во ваша омилена храна, ќе се случат две работи: ќе изедете нутритивно побогат оброк, а желбата за прејадување ќе се намали за половина.

Не купувајте junk храна

Ретки се оние што купуваат junk храна со цел. Тоа најчесто ни се случува додека веќе пазариме други работи, па ќе видиме нешто што ќе ни го привлече вниманието. Затоа, едноставно, не ја купувајте. Ако веќе ја имате дома, ќе ја отворите, не зависно дали е попладне или полноќ. Подобро наполнете го фрижидерот со овошје и зеленчук. Ќе стекнете навика мозокот да ви бара само здрава храна, бидејќи, сè е до мозокот.

Ако примените барем дел од ова, резултатите ќе се покажат многу бргу.

Објавено:
26 септември 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.395 пати