Како да се нашминкате како Тејлор Свифт?

28 март 2016

Шминката дефинитивно има огромна моќ, а голем број од познатите визажисти го докажуваат тоа со постојаните видеа на кои можеме да видиме фантастични трансформации.

Блогерката Парк Хај Мин која стои зад блогот Pony Make Up, со помош на шминка за кратко време се преобрази во слатката Тејлор Свифт, а воедно нѝ прикажа и супер шминка која можете да ја пробате во домашни услови.

Со оглед на тоа што Тејлор го обожува оној класичен стил на стариот Холивуд, односно добра подлога, туш и интензивен црвен кармин, веруваме дека оваа шминка воопшто нема да ви биде проблем.

Она што оваа девојка дефинитивно го има усовршено е контурирањето, па доколку тоа не ви оди од рака, можете да ги следите нејзините чекори.

Дополнително, Парк користи и вештачки трепки, што немате потреба доколку вашите се доволни, и сини контактни леќи за поубедлив Тејлор Свифт изглед.

Во продолжение, погледнете го видеото и искористете ги нејзините трикови доколку ви се допаѓа шминката на Тејлор Свифт.

Објавено:
28 март 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
785 пати