Како да заштедите на козметички препарати?

14 април 2014

Направете сами маска за лице

Маските за лице се неопходни за чистење, детоксикација и отстранување на мртвите клетки. Тоа не значи дека морате постојано да одите на козметичар, туку да ги искористите продуктите кои ги имате во вашиот дом. Ние ве советуваме тоа да биде чоколадна маска против мозолчиња.

Искористете ја шминката до максимум

Ова е начин за заштедување на пари и простор. Сигурно имате голем број мали шишенца кои не сте ги истрошиле до крај. На пример, земете ги сите сенки во виолетова нијанса и измешајте ги во едно или пак остатоците од слични нијанси на кармини, измешајте ги во лонче кое ќе биде загреано и потоа смесата ставете ја во некое од амбалажите за кармин.

Не го фрлајте шампонот ако е при крај

Неопходно е да ставите вода и да ја измешате со шампонот. Тоа ќе биде доволно за едно миење на косата.

Чај

За отстранување на темните кругови околу очите не ви се неопходни скапи препарати. Искористете ја кесичката од чај од камилица, исцедете ја и полека тапкајте по лицето. Чајот е добар во намалување на црвенилото на лицето.

Отфрлете ја кремата за депилација

Како замена за кремата за депилација искористете го регенераторот чија смеса треба да ја измешате со лосион за бебе, кокосово масло и додајте неколку капки есенцијално масло. На овој начин ќе заштедите од купување на крема за депилација.

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Убавина