Како изгледам младо и во шестата деценија?

1 септември 2017

Стресниот живот често е причина да изгледаме постари одошто навистина сме, а уште повеќе и да се чувствуваме така.

Мишел Пернета е јога инструкторка, која живее во Лондон со својот сопруг. Пред јогата да стане нејзина голема љубов и преокупација, таа била модна дизајнерка и тоа 17 години.

За весникот „Дејли Мејл“ открива како да изгледаме и да се чувствуваме млади и убави и во шестата деценија од животот.

Еве ги нејзините тајни:

Магично масло

Пре десет години пробав хемиски пилинг и не ми се допадна. Лицето ми се лупеше со денови потоа. Сега, користам исклучиво природни третмани за лице. Омилена ми е масажата со масло од ајурведа кое го користеле во Индија. Се работи за древна техника, а маслото помага во отстранување на сите токсини од кожата. Правете го ова на неделно ниво и во домашни услови. Јас се масирам со масло од сусам, во втријувам во мојата коса, тело и лице, пред да се истуширам. Не само што масажата ме релаксира, туку добра е за зглобовите, а  маслото ми овозможува што помалку сушење на кожата.

Машки гел за коса

Имам кадрава коса, па секогаш барам производи за дефинирање на косата. И верувале или не, користам машки гел за коса за да го постигнам саканиот ефект. Ги раздвојува кадриците убаво и уште поважно, не паѓаат.

Измазнување на линиите

Мојот омилен anti-ageing трик е Гуа Ша –кинеска техника за масажа, која се прави со помош на камен од жад. Можете да го порачате од Интернет за многу евтина цена. Се користи така што хоризонтално поминувате со алатката преку брчките, белезите или болните места. Ја подобрува креацијата и ги омекнува мускулните јазли. Ефектите се инстантни. Откако почнав да ја практикувам оваа масажа, кожата ми е помазна и има поубав сјај.

Истегнување

Ако сакате да го одржите телото младо, тогаш истегнувањето е од круцијално значење. Ќе ви овозможи комплетен спектар на движења, го одржува функционирањето на нервите правилно и ги отстранува токсините од мускулите. Додека зглобовите се здрави, тогаш правете мускули. После одредена возраст, препуштете се на вежбите за истегнување.

НЕ на диетите

Се трудам да имам оброци од пладне од осум часот навечер. Овој систем на наизменично хранење во текот на осум часа, го поттикнува телото да гори маснотиите.

Објавено:
1 септември 2017
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
701 пати