Како се негуваат жените во Мароко: Егзотична убавина на едноставен начин!

9 јуни 2015

Тие се познати по нивната егзотична убавина, чисто лице, истакнати очи и секогаш посебен поглед!

Мароканските жени обожуваат да користат листови од ружи за нивните ритуали за убавина, особено за изработка на вода од ружи која се смета за одличен тоник за кожа.

Жените во Африка можат да се пофалат со еластична и навистина млада кожа во однос на жените од западниот свет. За бавното стареење на лицето делумно се заслужени гените, специфичните географски услови, но и малите ритуали на убавина за кои европските жени не знаат многу.

Моќта на ружите

Како што споменавме, Мароканките обожуваат да користат ружи во подготовката на различни производи за убавина, особено за изработка на вода од ружи која е многу корисна. Етеричното масло од ружи пак, се смета за еден од најголемите сојузници во борбата против ублажувањето на различни воспаленија, а кога ќе се нанесе на кожата, истото ја прави мека и мазна.

Напитоци од нане

Африканските жени обожуваат да пијат разни напитоци од нане. Станува збор за напитоци полни со кофеин што го будат целото тело, а сепак се алтернатива за кафе. Покрај тоа, овие напитоци содржат многу антиоксиданси што ја подмладуваат кожата и позитивно делуваат на брзото заздравување на лузните по телото.

Парна бања

Посетувањето на парна бања еднаш неделно е одличен начин да се опуштите и да го разгалите целото тело. Пареата ги отвора сите пори, го поттикнува лачењето на токсините од телото и ја забрзува циркулацијата што резултира со убава кожа на лицето и телото. Во парните бањи се достапни и ефикански методи на масажа со арганово масло што дополнително го опуштаат телото и умот.

Африкански црн сапун

Жените од мистичната Африка ја одржуваат хигиената со африкански црн сапун. Станува збор за природен производ на база на масло од палма и шеа путер богат со витамин Е, што гарантира еластичност на кожата. Бојата потекнува од пепелот од сувите лушпи од какао зрната што не содржат никакви конзерванси, вештачки бои и адитиви, а е наменет за сите типови кожа.

Зелена глина

Маската од зелена глина има неверојатен ефект врз кожата бидејќи продира дабински и го упива вишокот природно масло. Одлична е за кожата на лицето, деколтето и грбот.

Парфем во камен

На африканските пазари може да се купи цврст парфем втриен во камен, кој нуди едно сосема поинакво искуство на ставање парфем. Наместо да го распрскуваат, жените во Африка го мачкаат парфемот по целото тело.

Објавено:
9 јуни 2015
Категорија: 
Убавина